Момците ја тераат на мајтап од прва до последна секундија во секое интервју, ама треба да им се погоди и соговорник како Гатузо кој ги пречека ептен расположен.
Едниот од комичарите прво му ги мирисна нозете и констатираше дека уште му имале мирис на колената на противниците кој ги “тепал“. Разговорот од прилика оди вака:
Спремен ли за новиот предизвик?
Гатузо: Јас се родив спремен.
Каде погреши Винченцо Монтела?
Гатузо: Не погреши никаде, понекогаш е потребно време, а е потребна и среќа, но пред се време бидејќи дојдоа 10-12 нови играчи.
Но тој смени 23 формации на 23 меча. Ти имаш појасни идеи што ќе правиш?
Гатузо: Ќе пробам да стигнам до рекордни 24, 25 формации...
ќе дебитираш против Беневенто, екипа со 0 бодови на 14 средби, немој да ја посереш уште одма ок?
Гатузо: Ај чао, дојдете да ве гушнам.
За крај го натераа да каже нешто на кинески што во превод значи: Форца Интер.