Фудбал

Барам карта за Супер Купот и на дрво и под камен

Ако некој се обидува да му пише на навивачов за карта, нека не се фали, бидејќи МВР синоќа соопшти дека уапсен е 41 годишен скопјанец кој препродавал билети на интернет за 600 евра.

Роналдо и кумановските влечки

Кристијано Роналдо е втор ден во Македонија. Сосема доволно да види нешто што воопшто не очекувавме. Одиме со епска фотографија на денот.

Од каде и од кого потекнува идејата за Супер Куп

Утре вечер на 8. август љубителите на европскиот фудбал ќе уживаат во мега-дуелот од Супер Купот на стадионот „Филип Втори“ во Скопје. На кој прв му текнало на еден меч да се пробаат најјаките во моментот?

Пристигнувањето на Манчестер Јунајтед во хотел

И покрај големиот интерес на македонските фановите и новинарските екипи, пред хотелот ТЦЦ Гранд Плаза требаше да имаш двоглед за да ги видиш Мурињо, Лукалу, Матиќ, Рашворд и компанија. Полиција колку сакаш. Сликање и снимање, само ако имаш добар зум.

„Кралевите“ слетаа во Скопје

Во најсилниот состав, со сите ѕвезди меѓу кои и лидерот Кристијано Роналдо кој беше на поштеда но самиот инсистирал да игра утре вечер, европскиот шампион попладнево стигна во Скопје.

Како Левандовски даде 5 гола за 9 минути

Пред две сезони Волфсбург му гостуваше на Баерн и само го налути со водството од 0-1 после голот на Даниел Калиџури. На полувремето влезе Полјакот Роберт Левандовски, за девет минути ја изрешета мрежата на противникот и постави неколку рекорди.

Коце ќе навива за подобриот

Градоначалникот на Скопје ги посети фан зоните каде ќе има музичка програма а на прашањето на новинарите за кого ќе навива утре, имаше занимлив одговор.

Најдобриот меч на Трајковски во дресот на Палермо

Италијанскиот третолигаш Виртус Франкавила синоќа налета на расположениот Александар Трајковски кој по четирите гола на пријателска, овој пат блесна со хет-трик во Куп натпревар. Палермо на крајот славеше 5:0, а во следното коло ќе игра со Каљари. Во игра беше и капитенот Несторовски кој не постигна погодок.

Пред хотелот на Манчестер Јунајтед не може да се припари

Иако ѕвездите на Јунајтед сè уште не се пристигнати во Скопје, пред хотелот ТЦЦ Гранд Плаза утрово не можеше да се помине. До селфи или автограм од Жозе Мурињо и неговиот тим изгледа дека тешко ќе се стигне.

Европскиот сон на ФК Вардар

Откако покажа заби против двете скандинавски екипи, а за малку не ги елиминираше и двете, македонскиот првак за 10 дена ќе се обиде повторно да дојде до историја. Силите ќе ги одмери со Фенербахче кој важи за фаворит, но Вардарци на 17 август очекуваат полн стадион и огромна поддршка. И нема зошто да им се плашат, 19 кратниот првак на Турција не е Реал Мадрид. Напред момци.

Рушењето на рекордните трансфери последниве 25 години

Роналдо и Виери во Интер, Креспо во Лацио, Фиго и Зидан во Реал. Во тој период рекордните трансфери изнесуваа околу 100 милиони марки (50 милиони евра). Со Роналдо (94 милиони), Бејл (100 милиони) и Погба (105 милиони) веќе се претера, а со Нејмар се забега. 

Газета: Шкендија е најдобрата опција за Милан

По три години пауза, Милан е на чекор до кам бек во Европа, а последната пречка која се вика Шкендија од Македонија според реномираната Газета дело Спорт е најлесниот противник кој можел да му се падне на седумкратниот европски првак.

Лудило ждрепка, Милан и Фенербахче доаѓаат во Скопје

Фудбалската треска во Македонија ова лето ќе продолжи во голем стил. По финалето меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид на 8 август, на арената Филип Втори ќе се истопорат уште два гиганти. Во плејофот од ЛЕ, Шкендија го пречекува великанот Милан, а Вардар го доби Фенербахче.

Балканските екипи грмат во Европа

Како никогаш до сега фудбалските клубови од нашиот полуостров тргнаа одлучно и офанзивно на меѓународната сцена. Бројката на екипи учесници е импозантна. Дури 15 балканци се на еден меч до пласман во групната фаза од Лига на шампиони и Лига Европа. Хрватите и Грците се најбројни.

Стефан Ристовски налета на Олимпијакос, Балотели ќе патува во Италија

Хофенхајм - Ливерпул и Наполи - Ница се најинтересни двојки кои беа извлечени на денешната ждрепка за плејофот во Лига на шампиони. Ријека го доби најтешкиот противник за да стигне до историја.

Мотивите на Нејмар за заминувањето од Барселона

Ромарио го освои во 1994-та. Потоа дојде редот на Роналдо во 1996-та и 1997-ма и повторно во 2002-ра. Ривалдо беше избран во 1999-та, Роналдињо во 2004-та и 2005-та, а Кака во 2007-ма.

Џентлменско деби на Матиќ во Манчестер Јунајтед

Новото засилување на Манчестер Јунајтед од Челси дебитираше на вчерашниот пријателски натпревар против Сампдорија кој го добија со 2:1. Црвените ѓаволи платија 40 милиони фунти за да ја пополнат позицијата на која до 2005-та царуваше Рој Кин, со надеж дека конечно доаѓа вистинската замена. Србинот на почеток покажа човечки вредности.

Карта за Супер Купот за само 1.350 евра

На пет дена до фудбалскиот празник во Скопје кој ќе ни го приредат великаните Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед и нивните навивачи, еден од 12.000-те македонски среќници на лотаријата организирана од УЕФА се откажува од својот билет и го става на оглас. Цената џабе.

Головите од мечот Копенхаген - Вардар

Бидејќи Тв Нова 45 минути ја чекавме да се вклучи во пренос, а за малерот да биде поголем некои се пожалија дека еден кабловски оператор имал технички проблеми, па не гледале ниту второ, бујрум сите 5 гола од синоќешниот квалификациски натпревар меѓу Копенхаген - Вардар (4:1), на кој македонскиот шампион не успеа да се избори за историја.

Милан, Зенит и Атлетик Билбао се можни противници на Вардар во плејофот за ЛЕ

Само уште 15 минути Вардар требаше да издржи и да загуби 2:1 за да испише историја за македонскиот фудбал, но и по поразот од Копенхаген (4:1) има можност за такво нешто. Само проблемот е што ќе треба да елиминира голем клуб.

Последниот дрес на Тоти ќе лебди во вселената

Дресот на иконата на Рома нема да оди кај него дома, кај навивачите или во музејот на клубот, туку на посебно место како еден вид подарок од Рома во согласност со Тоти.

Емотивно збогум на Меси со Нејмар

Нејмар денеска не тренираше со колегите, туку само се појави да ги извести дека си заминува од Барселона и се сели во ПСЖ. Со Меси беа заедно 4 години и освоија 8 трофеи. На својот инстаграм профил му остави порака и видео за збогум.

Два еврогола за најавните шпици во Словенија

Горан Бркиќ и Ник Капун од Олимпија Љубљана постигнаа два гола на еден ист меч, за кои џабе е кој голман ќе се најде меѓу стативите.