„Ниту еден клуб не влегува под кожа како Херта“ гласи акцијата на германскиот клуб кој со оваа порака ја симболизира понудата до своите навивачи која гласи вака.
Херта нуди годишна влезница за секој свој навивач кој ќе го истетовира клубот. Тетоважата треба да ја содржи сино белата моја на клубот, мапата на Берлин и обликот на олимпискиот стадион.
Секој што сака да учествува во конкурсот треба да испрати фотка или видео за да му покаже на клубот зошто сака да го добие овој скоро бесплатен доживотен подарок.
Оние кои ќе успеат да ја добијат оваа привилегија која им носи голема заштеда на пари на толото ќе добијат уште една тетоважа со бар код кој ќе им го овозможи бесплатниот влез на стадион.
Конкурсот трае до 8-ми февруари, а тетоважа ќе биде билет за натпреварите од Бундеслигата каде Херта во моментов се наоѓа на 10-та позиција.
Die Dauerkarte deines Lebens: Dein Saisonticket ein Leben lang tätowiert – auf deinem Arm! 🐻💙 #BSCTSG #hahohe pic.twitter.com/NFgI3EhESY
— Hertha BSC (@HerthaBSC) February 1, 2018