Фудбал

Формулата за успешно работење во фудбалот на долги патеки

Додека Македонија потроши една деценија во именување 9 селекторски имиња или во просек секоја година нов селектор, Германците назначија еден и вреден, а тој со помош на неговото знаење и упорност, како и стратегија и спроведување на германскиот систем на работа ги направи Светски прваци.

Се извинувам, сакав само да бидам Кантона

Да го имитира начинот на игра на легендарниот Французин, па да го разбереме. Вака, само се изглупира, го приведоа, ќе плати казна и го суспендираа на 20 дена.

Евра одново во ритам

Откако смисли генијална идеја за борба против расизамот и многу многу поинвентивна од оние на УЕФА, бекот на јувентус се усними повторно за Инстаграм, овој па пат повод американскиот празник Халоувин. За 15 часа видеото го видоа 200.000 негови фанови.

„Дугачките“ на Лео Бонучи

Типичен стопер е. Висок, корпулентен, јак, но бавен. За разлика од колегите од одбраната знае да ја изнесе топката понапред и даде неверојатно прецизна долга топка. Просто обожава да дели долги топки напред.

Најголемата надеж на Реал се врати од мртвите

На 21 јануари 2015-та Реал Мадрид плати 3 милиони евра за 16 годишно дете од Норвешка по име Мартин Одегард кој беше претставен со сите можни суперлативи како идна голема фудбалска ѕвезда. Потоа доби посебни привилегии да игра за б тимот на Реал, а да тренира со првиот тим и да зема плата од 80.000 фунти неделно.

Дали е Роналдо себичен како што го зборуваат?

Последниот настан во кој Мората дава гол за Реал, а Кристијано во исто време крева рака како да сугерира дека соиграчот му е во офсајд одново ја разбрани јавноста. Сите се прашуваат дали еден од најдобрите фудбалери во историјата тоа го прави свесно или ненамерно.

Како ли ќе брани малиов кога ќе порасне?

Обично на 17 години најголемиот дел од фудбалерите со светска слава уште се дел од младинскиот погон и се на чекор до деби пред широкиот аудиториум. Тоа не е случај со голманот на Милан кој се наметнува меѓу најдобрите, а роден е кога Шевченко пристигна на Сан Сиро.

Фудбалерот кој не може да не го сакате

Некогашниот репрезентативец кој одигра 43 меча за Англија и постигна 22 гола беше учесник на две Светски првенства. Кога имаше серија од 18 меча без гол, навивачите и новинарите го распнаа, а подоцна се отвори и се изнадава голови.

Стана Европски првак со Фергусон и не го препознаа на стадион

Еден од членовите на обезбедувањето на Олд Трафорд очигледно е труп за фудбал бидејќи пред очи му застана Дејвид Меј и не го позна на средбата против Сити. Се работи за член на Манчестер Јунајтед од 1994-та до 2003-та.

Надежниот фудбалер кој освојуваше трофеи со Пандев реши да стане стоматолог

Чудни знаат да бидат фудбалските патишта, а жив пример за тоа е Адријано кој на крајот на фудбалска кариера се врати кај старото бразилско гето на криминалци или како овој пример каде дресот отиде во замена со бел мантил.

No to racism во најјаката верзија

Ако на УЕФА им фали некоја идеја за тоа како во иднина да ја подобрат и да ја модернизираат кампањата за борба против расизамот нека се обратат кај Патрис Евра. Тој ја има вистинската формула за тоа.

Соблекувалната на Реал како на екскурзија во Шула Мина

Кралскиот клуб славеше 1:7 против третолигашот Леонеса во рамките на Копа дел Реј, но по оваа слика која ја оставија во нивната соблекувална воопшто не личат на Кралеви.

Ќе играте фудбал или ќе изигрувате манекени?

Паролата Аgainst modern football“ може да се  користи во разни конотации, а ние одлучивме на некој начин да ја поврземе со оваа тема во која упатуваме директна критика кон ова што ги прави најголемата ѕвезда на Реал Мадрид.

FIFA 17 vs реалност

Брзината на Агуеро на FIFA 17 е 89 од 100, а на Керик 52. Во 85. минута од мечот (во тој момент Керик помина на терен 85 минути а Агуеро 15) двајцата тргнаа во полн трк. Како би изгледало тоа на FIFA 17, а како се заврши во реалност?

Најемотивните фудбалски моменти во Перу

За Сиенсиано веројатно слушнале само тие што го прателе фудбалот во Јужна Америка пред 13 години. Се работи за клуб од Перу кој го има освоено првиот меѓународен трофеј, а тоа се случи во 2003-та кога во финалето на јужноамериканскиот куп го совлаа Ривер Плејт. Сцените се историски, неповторливи и незаборавни за Перуанците кои беа во делириум.

Историска дебата за фрленото шише на Местаља и глумата на Барса

На и онака големата врева по социјалните мрежи, шпанската фудбалска федерација фрли бензин во оганот со изјавата на Хавиер Тебас дека „тој лично би се засрамил после таква глума да отиде дома и да ги погледне децата“.

Несторовски сам против сите

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски продолжува да ги тресе мрежите во Италија. По головите против Кротоне, Аталанта и Сампдорија, негова нова мета е тимот на Удинезе кој го тресна во 10 минута. Нашиот Иле овој пат покажа дека скроз сам знае да се снајде во напад, а од спротива ја имаше скоро цела гостинска одбрана.

Нелогична судиска одлука за бркање играч

23 годишниот фудбалер од Гана, извесен Дени Антви својот деби гол во Норвешка ќе го памети по една апсурдна одлука на судијата. Му даде втор жолт картон со образложението дека со начинот на кој се радувал ги провоцирал навивачите, а тој само се спушти на колена како во илјадници други примери кои сме ги гледале и истото го кажа на камера.

Мурињо се бранел против Челси со 6-3-1

Мајтапот со автобусот на Мурињо не е мајтап туку вистина која ќе ја видете во следново видео. Се што се обиде да изигра Манчестер Јунајтед на Стемфорд Бриџ во одбрана беше погрешно.

Сосиедад вработи бездомник кој спиел пред стадионот

Еден од поголемите баскиски клубови, Реал Сосиедад е во центарот на вниманието на целокупната европска спортска јавност, откако со еден гест ги воодушеви сите.

Голманот кој брани во петта лига ја прошета цела Европа со Јувентус како турист

Во таборот на италијанскиот шампион има еден заборавен голман за кој сигурно веќе и управата не знае дека го има. Добил шанса само 30 минути на пријателска и кога го ставиле во игра му се треселе нозете, а кога Кјелини го носел дома со Поршето мислел дека гепекот е позади.

Ја судеше Барселона - Сити, сега ќе суди во селска лига

Најдобриот српски судија Милорад Мажиќ веќе неколку години суди натпревари од Лига на шампиони, Лига Европа, Светско и Европско првенство, но тоа многу многу не им значи на луѓето од неговата матична куќа кои го суспендираа на стартот на првенството во Србија.

Како Гвардиола се вадеше кога не му одеше со Барселона и Баерн

Статистиката може да те уништи медиумски и можеш да бидеш по уште поголем притисок дека треба да победиш или ќе те направи посилен, па потоа никој нема да смее да ти стапне на жуљ. Кај Пеп Гвардиола искуствата го покажуваат ова второто во Ла Лига и Бундеслига.

Животот на невработениот Адебајор во Того

Од најелитните места во светот, Емануел Адебајор во моментов тренира во својот Того и игра фудбал со другари по прашливите терени. Тоа го правело среќен затоа што му помагал на својот народ кој го сака повеќе од претседателот на државата.