Цинизам и анти фер плеј од 222 милиони евра

Фудбалерите на ПСЖ газат сè пред себе оваа сезона, што е нормално со таков тим. Но во таа страшно силна напаѓачка навала која привлекува голем публицитет, никој не останува рамнодушен на уличното однесување на Нејмар.

Ако си освоил сè живо со Барселона, а Катарците во ПСЖ кои спијат на пари те направиле најскап играч во историјата, тоа не значи дека си го допрел Господ за муда.

Односот на Нејмар едноставно е иритантен. Никој не ги чепка неговите извонредни квалитети и успеси, но веќе често пати докажува дека се работи за размазено и невоспитано детиште кое наместо да да биде пример број 1, тој изиграва глупак.

Оваа ситуација на синоќешниот меч со Рен не му е прва, а со неа навлече гнев поради неколку потези во низа. Прво не прифаќа фаул, па им ја шутира топката, се смешка циничко, па му аплаудира на судијата со иронија. 

Капак на сè беше најнеспортскиот потег на крај кога му ја “подава“ раката на играчот за да стане. Култура: НУЛА и понижувачки однос спрема противникот.

Треба да учи од Дел Пјеро, Занети, Клосе, Буфон и ред такви великани кои никогаш нема да ги достигне со ова негово непрофесионално однесување.

Инаку и Мбапе не е за алал. Му влезе намерно со ѓон на еден од играчите на Рен и со помош на ВАР доби црвен картон.

ПСЖ славеше 2:3 на гостувањето против Рен во полуфиналето од Лига Купот, а најинтересниот погодок на средбата го постигна Томас Маниер за 0:1.

 

31 јануари 2018 - 09:47