Посетителите на официјалниот сајт на ФИФА може да предложат слоган за било која од репрезентациите кои ќе играат на Мундијалот и ако победат, ќе добијат влезница за Светското во Русија.
Светското фудбалско првенство во Русија ќе се игра од 14 јуни до 15 јули, а по тој повод ФИФА објави јавен конкурс до навивачите од сите земји учеснички да смислат слоган кој ќе стои на автобусот на нивниот национален тим.
ФИФА објави дека конкурсот ќе трае до 28. февруари а својот предлог ќе навивачите од земјите учеснички ќе го праќаат на сајтот на Светската фудбалска организација со претходна бесплатна регистрација.
ФИФА по извесно време ќе го стесни кругот на предлози за кои сите посетители ќе може да гласаат од 16. до 4. мај. Најсреќните добитници чии слогани ќе бидат победнички ќе добијат патување на Светското првенство. Награди ќе добијат и останатите 64 навивачи чиишто слогани ќе го освојат второто и третото место.