Буфон е најјак во свет, тој е Меси меѓу голманите

Најголемата легенда меѓу легендите вчера наполни 40 години. Што да се каже и издвои повеќе од човекот кој 6 сезони ги носеше ракавиците на Парма и веќе 17 не ги соблака оние на Јуве. Да оставиме да кажат другите.

„Буфон е стар, не го бива. Така викаа. Јас викам дека тој е од друга планета, таков како него се раѓа еднаш на 40 години. Има неверојатна сила и континуитет. Се држи повеќе од 15 години.“ - Емилијано Вивјано
 
„Тој е во центарот на вниманието за мене, но и за голманите на мојата генерација. Кога почнав да играм сонував да станам како него.“ - Икер Касиљас
 
„Неверојатно е како на негова возраст уште е во топ форма, како го води тимот и како сите го слушаат. Тој е водич за младите. Голман како него треба да брани до 50 години.“ - Мануел Ноер
 
„Џиџи е како еден Марадона. Се раѓа еднаш на 50 години. Сруши една генерација на голмани, бидејќи има само еден Марадона и другите до него изгледаат сите нормални.“ - Антонио Миранте

„После Јуве - Ливорно 2:0 во 2009-та не сум видеш нешто слично. Буфон е најдобар голман од секогаш, играчи како него не се повторуваат. Вечерва одбрани се можно. Шутиравме од сите страни и него имаше секогаш.“ - Алдо Спинели
 
„Веќе стана мода да се зборува за `новиот Буфон`. Искрено не знам дали ќе има нов Буфон со оглед на тоа што Џиџи е брилијантен во се.“ - Џиџи Ди Бјаџо
 
„Јуве - Рома 2:2 од 2003-та. Се обидов да му дадам гол со лоб удар, но феноменот Џиџи Буфон ми ја фати.“ - Франческо Тоти
 
„Да гледаш една легенда како Буфон како плаче после загубен бараж, ме растревожи. Не е фер еден голман кој испиша историја така да ја заврши кариерата. Да можам ќе му го дадам моето учество на Мундијалот. Ако побараш од било кое дете да ти ја напиша идеалната формација, број 1 ќе биде секогаш тој.“ - Иван Ракитиќ
 
„Буфон е најјак во свет, тој е Меси меѓу голманите.“ - Кристијан Абијати
 
29 јануари 2018 - 15:29