Како Реал може да ја спаси сезоната

На табела се четврти на -19 од Барса, во Копа дел Реј беа посрамотени од Леганес, но вистинскиот испит за нив е закажан за овој месец. За две недели го играат првиот нокаут меч од ЛШ против ПСЖ кој е во страшна форма. Таму треба да го бараат пресвртот на сезоната.

Ова се десетте причини според Марка според кои Реал може да го елиминира ПСЖ и да ја спаси сезоната.
 
1. Головите да им бидат повторно главна закана: На последните два меча во Ла Лига постигнаа 11 голови, а ефикасноста е нивниот заштитен знак.
 
2. Кам бек на триото: После проблемите со повреди, Зидан конечно може да смета на неговите три фронта. Роналдо сè е уште е фокусот на вниманието, но Бејл нуди голови и асистенции и се чека уште повеќе од Бензема.
 
3. Кејлор Навас: Изгледаше како голем виновник, но сепак преживеа и остварува важни одбрани.
 
4. Се враќа капитенот: Серхио Рамос, душата на Реал Мадрид од Лисабон 2014-та, ќе биде фит за дуелот со ПСЖ. Тој ќе биде важен ем поради квалитетите ем поради неговиот карактер на терен.
 
5. Начо е гаранција: Иако загубата на Карвахал е важна, Зидан има замена која може да се соочи со Нејмар. Начо оваа сезона беше најдобар бек во очите на многумина.
 
6. Зинедин Зидан е тука од претходно: Францускиот стратег го презеде тимот кога беше во криза. Тој сега се соочува со нова кризна ситуација, но веќе има решено нешто слично.
 
7. Марсело повторно е оној стариот: Бразилецот го надмина падот на формата која не може да се заборави и сега е поопасен по левата страна.
 
8. Крос и Модриќ: Тие се срцето на мадридската игра кои го создадоа најубавиот фудбал на Местаља кога ја контрлираа топката.
 
9. ПСЖ веќе беа поразени од Реал: Парижаните се навистина многу јаки, но такви беа и во сезоната 2015/2016 кога Кралевите гостуваа во Париз и славеа со 0:1.
 
10. Тежината на историјата: Без оглед на тоа колку лошо играат, фудбалерите на Реал никогаш не треба да се откажат како мртви и закопани. Не е прв пат тимот да игра бедно во Ла Лига и на крај да ја освои Лигата на шампионите.
1 февруари 2018 - 15:14