Во очи на својот роденден Горан Пандев го сефтоса својот прв гол во претсезонските натпревари, и тоа во неговиот препознатлив стил кога ќе добие топка во шеснаесетник свртен со грб према голот.
Малку чудна и несекојдневна сцена од Јужна Америка, а сè во знакот на големата почит кон нивниот соиграч. Дечките не можат да се помират што ги напушта толку рано, па одлучија да направат барем уште акција со него. Тажно во секој случај.
Реал за Бејл и Ронало плати по 100 милиони евра, Манчестер за Погба 105, Барселона за Дембеле 105, Јувентус за Роналдо 117, Барселона за Кутињо 140, ПСЖ за позајмица на Мбапе 180, а за Нејмар 222 милиони. Пред 20 години не беше вака забегано.
Треба да ти легне, ама треба и да те бива вака силно и прецизно да ја збибериш во агол од таа далечина. Величе на пример не можеше да ја добаци од таму, а Марио Рикардо душмански ја опали преку голман.
Она што не го направивме по Светското, а требаше да го направиме е да го избереме Офсајд ликот. Тука нема конкуренција. Човекот кој се избламира како никој во Русија беше Диего Армандо Марадона. Ова е топ 10 листата на неговите активности.
Фудбалот има забавна страна само затоа што дел од него е Јирген Клоп. Тој не мора да направи ништо посебно за да внесе хумор, едноставна таква појава е човекот. На пријателската во САД, Ливерпул го совлада Сити со 2:1, а прес конференцијата на Пеп практично му ја заврши Клоп.
Вие ќе ми кажувате мене дали било гол или не. Дечко, сликна ли ти нешто? Сликнав дојди да видиш. Аха, епа ете се гледа дека е гол, ајде топката на центар. Каков ВАР, подобро е со ФАР.
Рајо Махадаонда е мал клуб во Шпанија кој игра на стадион со 3.000 седишта. Од трета лига погоре немаат мрднато во живот. И што се случува. Играат реванш плејоф меч со Картахена кој за пласман во втора лига треба да го победат 1:0. Судијата покажува продолжение од 7 минути, а гостите на 0:0 си даваат автогол во последната минута. Полудува сè живо на терен од играчи, навивачи до коментатори. Не им се верува дека е вистина.
Бразилскиот фудбалер Леандро Силва направи потег кој тешко се прави, а не може ниту да се објасни како е можно да се направи. Кога ќе го видите ова, нема повеќе да му се смеете на Миши Батшуаи.
Секоја чест за Марсело и неговите чудесии со топка, ама му најдовме доста сериозна конкуренција и тоа од Полска. Па не е нормален како ја смири од толку далеку.
Маурицио Сари на Стемфорд Бриџ сезонава ќе го има својот главен играч од Наполи. Не е тоа Хамшик, Мертенс или Инсиње, туку Жоргињо. Важи за владетел со топката кој не греши додавање, а занаетот го научил од мајка му која се окозила од работа за да му ги купи првите копачки и топка.
Десет дена по финалето на Светското првенство, за Хрватска повторно се слави. Односно славјето никогаш не ни престана, а овој пат фештата продолжи во Ливно, БиХ каде што е роден селекторот на Хрватска кој стигна до историското сребро во Русија. Преку 50.000 го пречекаа.
Јазиков што го зборува Марадона ние не го разбираме, ама и да го разбиравме немаше да го разбереме што зборува, бидејќи во 2 минути не може пет саглам реченици да врзе. Добро бе знае ли кај тера човеков? Од Гаскоњ да не бара совети за животот?
На македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми одлично му тргна во квалификациите за ЛШ. Фудбалерите на Динамо Загреб го потопија Хапоел Бер Шева со 5:0, а Адеми ги постигна третиот и четвртиот гол за својот тим. Хрватите се со една нога во трето коло.
Клубот официјално го соопштува новото засилување кое според висината на трансферот од 36 милиони треба да е топ крило, ти палиш кола или фаќаш воз за аеродром и дремеш до полноќ за да го пречекаш. И кога авион слетува, ама без засилувањето. Тоа е. Им влегоа појаки во игра.
Каква само конкуренција на голгетери беше тоа кога еден Баџо, Роналдо и Батистута не можеа да фатат прво место на листата на стрелци. Сè име до име, а на крај победник кој веројатно ќе ве изненади, ама тоа е кога беше неприкосновен со глава. Рекордот на најмногу постигнати голови во една сезона во италијанско го држи Гонзало Игуаин, кој збрца 36 комада за Наполи во сезоната 2015/2016. Нов предизвик за Кристијано Роналдо.
Додека Јувентус успеа да издвои 30 милиони годишно или 600.000 неделно за Кристијано Роналдо, на стадионот на Бари кој во плеј-оф меч за прва лига собра 50.000 публика, му ја исклучија водата поради долг од 6.000 евра. Истиот стадион на кој Дарко Панчев го шутираше најважниот пенал во кариерата.
Еден од најславните ергени меѓу пензионираните фудбалери живот живее. Тој уствари нон стоп е на одмор од 2009-та откако се повлече, а главно хоби му е менување жени. Поранешниот италијански напаѓач со друштво во вода, а меѓу нив и Алваро Рекоба. Мислиш на екскурзија се во средно.
На 24 јули 2008-ма каталонскиот дрес со број 10 за прв го облече Лионел Меси. Тоа се случи за претсезонски меч против Хиберниан кој заврши 6:0. Една недела претходно Барселона ја напушти Роналдињо кој замина во Милан и ја ослободи 10-та. 10 години подоцна овој човек стана икона на клубот со бројот кој го имаат носено многу фудбалски легенди.
Скопје пред една година беше во транс откако Вардар уриваше поголеми клубови од нив и стигна до историскиот миг кој се чекаше со децении. Една година подоцна ситуацијата со македонскиот фудбалски бренд кој одекна во Европа е за никаде.
Никола Калиниќ беше еден од најнесреќните ликови на Мундијалот во Русија, откако беше избркан од хрватскиот селектор поради непослушност, а неговите стигнаа до финале. Но за напаѓачот на Милан кој одби да го земе сребрениот медал, тоа поглавје е завршено и сега му преостанува да се фокусира на клупските обврски. Таму атмосферата е ептен на ниво, особено за него.
Матео Дармијан од Манчестер Јунајтед го изврши најбруталното бркање на животно од терен. Целата ситуација настана на пријателски натпревар против Сан Хозе, кога италијанскиот бек шутна силно една топка и без да сака погоди погрешна мета. Еден од противничките играчи го соблече дресот, ја покри кутрата птица и ја отстрани од терен.