Со головите на Ван Дајк, Депај и Вејналдум, „лалињата“ пред преполн стадион во Амстердам освоија три бода и сериозно конкурираат за првото место во групата кое го држи Франција со бод повеќе (4 имаат „триколорите“, Холандија има 3, Германија само 1 после две кола).
Покрај констатацијата дека Холандија заигра како некогаш, мечот на „Јохан Кројф“ арената покажа нови слабости кај избраниците на Јоаким Лев на кого му се тресе селекторската клупа.
- Германија првпат во историјата не дала гол на ТРИ меча едно по друго (0:2 пораз од Јужна Кореа, 0:0 со Франција и 0:3 пораз од Холандија).
- Холанѓаните ги победија Германците на еден натпревар за бодови првпат од 1992 година. Во 2002 „лалињата“ ја совладаа Германија во пријателска средба.
- Првпат во историјата Холандија ја победи Германија со три гола разлика. А овие две селекции се сретнале 23 пати меѓу себе.
- Во 2018 година Германците изгубиле 5 натпревари што е израмнување на антирекордите од 1956 и 1985 година.
- Фудбалерите на Die Mannschaft на последните 5 средби дури 107 пати шутирале кон противничкиот гол а дале само 2 гола!
- На дуелот во Амстердам Германија имаше 21 шут од кои само 4 во рамките на голот. Најголем виновник за ова е Томас Милер кој шутираше како да е со врзани очи.
Еве ја шемата на неговите шутеви со Холандија:
- Фудбалерите на Германија 15 пати загубиле топка а лидер по овој параметар е Тимо Вернер кој изгубил 5 топки.
- Германците сега се последни во групата А1 од Лига на нации и ризикуваат пад во Б дивизија. Пред нив се уште натпревари со Франција на гости и дома со Холандија.
- На 15 ноември Германија игра пријателска дома против Русија кога ќе треба да ги консолидираат редовите и да пробаат некои нови репрезентативни кандидати.
ЈОАКИМ ЛЕВ ДАЛ ЧУДНА ИЗЈАВА ПОСЛЕ МЕЧОТ
На дуелот против Холандија селекторот Јоаким Лев го срушил рекордот на клупата на Германија со 168 натпревари. Но овој рекорд ќе го памети по неславен крај во Амстердам.
На прес-конференцијата после мечот се посрамотил повеќе од репрезентативците на теренот:
„После првиот гол изгубивме самодоверба. Ако изгубевме само 1:0 ќе беше нормално. Но последните два гола го направија крајниот исход лош. Кога играте така секој треба да сноси одговорност, вклучувајќи ме и мене како селектор“, рекол Лев и ги збунил присутните новинари.
0 - Germany, Croatia, Iceland, Estonia and San Marino are the only sides who failed to score in the Nations League (@UEFAEURO). Drought. pic.twitter.com/buCgNyOx2A
— OptaFranz (@OptaFranz) October 15, 2018