13-ти октомври ние го паметиме по дебитанскиот фудбалски настап на Македонија која славеше на пријателска во Словенија, а Гибралтар ќе го памети по првата победа на официјален натпревар.
Полуостровот со 30.000 жители кој се наоѓа јужно од Шпанија и се наоѓа на 198-ма позиција на ранг листата на ФИФА, ја совлада Ерменија која котира на 100-то место.
Бадијала се статистичките податоци кои се на страната на Ерменците како 35:6 во удари, 10:2 во рамки на гол или 78% посед на топка, како и тоа што имаат фудбалер во Арсенал кој заработува 8 милиони евра по сезона, а претходно настапуваше во Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд.
Аутсајдерот кој едвај крпи состав со играчи кои од работа одат на тренинг, ја совлада Ерменија на гости со голот на Џезеф Луис Чиполина од пенал во 50-та минута.
За нив ова е прв триумф во историјата на официјален натпревар кој им се случува по низа од 22 загубени средби. Оваа мала земја има само две победи остварени на пријателски средби. Во 2014-та против Малта, а во март годинава против Летонија. И двете по 1:0 на домашен терен.
Гибралтар го нарекуваат и Тим 54 затоа што е примен како 54-та земја членка на УЕФА. Во 1999-та ги одбија и беа принудени да се жалат на Арбитражниот суд за спорт со образложение дека ги кочат од шпанската фудбалската федерација.
Full time in Yerevan:
— Gibraltar FA (@GibraltarFA) October 13, 2018
Armenia 🇦🇲 v 1 🇬🇮Gibraltar pic.twitter.com/xOgkyAkDNN
Статусот на Гибралтар е предмет на спор помеѓу Велика Британија и Шпанија. Шпанија бара враќање на суверенитетот или поделен суверенитет со Британија, но повеќето Гибралтарци се противат на тоа.
Гибралтар беше примен во УЕФА дури во 2013-та. Настапи во квалификациите за ЕП 2016 и за СП 2018 и ги загуби сите натпревари, примајќи повеќе од 100 гола на 20 меча.
Ерменците беа подобри и постојано создаваа шанси за гол, но Гибралтарците успеаа да се одбранат и да го казнат домаќинот и за гафот со химната. Место нивната, ја пуштија химната на Лихтенштајн.
Оваа мала земја на која светските кладилници и даваа коефициент за победа до 35 нѝ олесни работа и на нас. Гибралтар сега има 3 бода исто колку Ерменија и Лихтенштајн, а Македонија се одлепи со 9.
Гибралтарците утре го пречекуваат Лихтенштајн (20:45), а Македонија ѝ гостува на Ерменија (18:00).
По огромното изненадување во Ереван, гостите беа во транс.
Clean sheet ✅
— Gibraltar FA (@GibraltarFA) October 13, 2018
3 points ✅
First ever points ✅
That winning feeling ⚽️🇬🇮!! pic.twitter.com/yqF5e0DYLL
А голманот Кајл Голдвин не можеше да се смири од плачење.
Голот е на 2:26