Да не беше одбранава на Донарума, Италијаните ќе се чешаа
По долгата серија без пораз во еден кризен период, незапамтен со децении, синоќа Аѕурите конечно заиграа добар фудбал и на гостувањето против Полска се извадија со победнички гол дури во 92-та минута. На дваесетина минути пред крај, Пољаците ја имаа шансата на мечот кога по една контра на Левандовски, Донарума спаси чист гол, а потоа Милик имаше локум топка, но ја опали над гол.