Хрватите лани му стегнаа затворска казна на Здравко Мамиќ од шест и пол години за финансиски малверзации со трансфери во Динамо Загреб. Арно ама ден пред да ја соопштат пресудата будалата фати штрафта за БиХ, бидејќи има и босански пасош. Исто така таму има и пријатели кои го канат на свадба, па Хрватот се наоѓа во Босна и лумпува на српски песни со откопчана кошула.