Ниту една генерација на македонски репрезентативци во изминативе 25 години немала низа од 10 натпревари без пораз, можност за четири победи по ред на официјални натпревари, како и поголеми шанси за пласман на Европско првенство од овие во моментов.
Сите балкански земји видоа како е да се биде дел од едно големо натпреварување, ние за тоа сонуваме веќе трета деценија и се радуваме што се појави адекватен пат за земја од наш ранг, која сега како никогаш има најреални шанси да го мине.
Моментумот со фудбалска репрезентација која пред две години беше полоша од Курасао на ранг листа е за пофалби.
Нема скандали, нема афери, нема играње серва на тренинг за облог од 200 евра, туку се забележува сплотеност, хемија, насмеани ликови, сериозен пристап, самодоверба, добра игра и резултати.
Играчите се мотивирани и горат од желба за докажување, а доказ плус за нивните квалитети се и имињата на клубовите каде настапуваат. Џенова, Палермо, Спортинг, Фенербахче, Леванте, Лидс...
Македонската фудбалска репрезентација нема пораз 10 средби или поточно од 11 јуни 2017-та кога загуби од Шпанија, а тоа се 16 месеци. Ако паметите таква друга низа од 13 октомври 1993-та да ни пишете, а нема да најдете бидејќи тоа им е рекорд.
Во март 2017-та беа 166-та фудбалска земја во светот, а минатиот месец стигнаа до 68-ма позиција. На почетокот од годинава стигнаа пофалби дури и од ФИФА.
⏫9⃣3⃣ places in ten months! 👏🇲🇰
— FIFA.com (@FIFAcom) February 1, 2018
Having sunk to their lowest #FIFARanking position ever last year, a resurgent FYR Macedonia fought their way back up the table to start 2018 looking much rosier!
🎢 Read about @ffmmkd's ranking rollercoaster ride 👇https://t.co/mWHPUSkaC0 pic.twitter.com/BLOuHbwry5
По три изминати кола во Лига на нации Македонија е најуспешна меѓу првопласираните репрезентации во лигата Д со 8 дадени и само еден примен гол, а со победа против Ерменија за прв пат во историјата би стигнала до 4 од 4 на официјални натпревари.
На листата на стрелци во Лигата Д лидер е Алиоски со 3 гола, Пандев и Трајковски имаат по 2, а Тричковски 1. Но што и да издвои човек од веројатно најубавите денови за нашиот репрезентативен фудбал ќе погреши. Проблемот сега не е кај фудбалерите или ФФМ, туку кај противниците. Зошто? Па многу биле слаби.
Овие па се испокараа и од фудбал стасаа до магариња, мадиња и цицки.
Ако не па да НЕ учествуваме во Лига на нации или да и пишеме на УЕФА да не смести во појако друштво.