Фудбал

Лука мајсторе што е со фелшов?

Имаше игра еден на еден, ама изгледа му беше поголем предизвик кога му застанаа двајца, па испрати магичен шут со надворешна. Ете тоа е Лука Модриќ, човекот кој во 2018-та ги собра сите награди за играч на годината.

Кога ќе те нагрнат Ди Марија, Мбапе и Нејмар и вакви автоголови паѓаат

Малку му била оваа навала од тројца, па Томас Тухел се решил и за Икарди во напад, а се работи за Лига Куп натпревар. И после ПСЖ - Сент Етјен 6:1 ќе заврши и ќе има паника во одбрана. Епа ќе има.

Абе бегај на гол, Тони изведува корнер

Не само што го изведува, туку шутира директно во гол. И додека ти се објаснуваш со играчите, готово пројде возот. Мајсторијата е на синоќешниот дуел од Супер Купот на Шпанија кој Реал го доби со 3:1 против Валенсија.

ПСЖ во Куп играл против монтер, аптекар, водоводчија и електричар

Лина Монлери е клуб од шеста лига во Франција кој во претходната рунда издржа половина час без да прими гол од ПСЖ во 1/16 финалето на францускиот Куп. А многу од играчите кои се аматери, меѓу нив и тренерот, се големи навивачи на Пари Сен Жермен.

Пуштете му репетиција за да сфати што го снајде

Фудбалот не се игра само на перфектни терени со дренажа, туку и по разни сали, калови, на песок. Битно е да знаеш како да го играш. Овој на пример многу знае со топка, а другиов делува дека ниту нешто знае, ниту па знае каде е. 

Газдава на Алмерија голем шегаџија

Саудиецот Турки Ал-Шеик кој е на чело на шпанскиот вторологаш Алмерија од лева страна, Марко Матераци, пардон Зинедин Зидан од десна. И по 14 години не умира шегата.

Гладијаторски говор на Де Роси во соблекувалната на Рома

Во 2001-ва им го облече дресот, во 2019-та го соблече, ама не по негова вина. Погледнете го видеово и слушнете го, па после кажете дали смееше да си дозволат да не му го продолжат договорот.

Заврши приказната, Де Роси дефинитивно оди во пензија

„Жена ми Сара ќе се разбудеше сред ноќ и ќе се зачудеше: лежев, гледав во плафонот и не можев да заспијам“, рекол Даниеле Де Роси на прошталната прес-конференција во Аргентина од каде заминува.

Приватно видео со тренерот на Малага за кое како да ви кажеме

Поранешен шпански репрезентативец и играч на Реал Мадрид каде има освоено Лига на шампиони, од денеска ќе се шета со црвени обравчиња. Во јавност му пуштија видео за кое сигурно е пишман што го снимил.

Ова двајца Де Хеи не го бранат

Манчестер Сити скоро и да го реши прашањето за патникот во финалето на Лига Куп откако со 1-3 го згроми градскиот ривал Јунајтед со три гола уште во првото полувреме. Најубавиот погодок беше дело на Португалецот Бернардо Силва.

Мајсторија од мртов агол на Болоња за реми во 94-та

Пред месец и кусур Пауло Дибала на Атлетико Мадрид му даде ненормален гол од слободен удар. Мислевме дека долго време нема да видиме таков удар, ама 22 годишниот Рикардо Орсолини од Болоња го повтори денеска Фиорентина за конечни 1:1 во судиско.

Френки, твое дете е ова, се гледа на прва топка

Челси рутински со 2-0 го совлада Нотингем Форест и се пласираше во следната рунда од ФА Купот. Голем впечаток остави Рис Џејмс, еден од плејадата талентирани деца од „Стемфорд Бриџ“. Како тргнала работава, не им треба дозволата за трансфери која што ја добија од ФИФА. Френки има се што му треба.

Тонали сам против цел Лацио

Не за џабе за потписот на Сандро Тонали се борат најголемите клубови од Европа. За слаломов против Лацио, Инзаги можда требаше да пушти уште луѓе од клупа да го бркаат.

Фантазијата од гол на клинецот Џонс

Реши Клоп на градскиот ривал во ФА Купот да му излезе со втора екипа. Не играа Алисон, Александер-Арнолд, Ван Дајк, Матип, Робертсон, Хендерсон, Фабињо, Вајналдум, Салах, Фирмино и Мане. Ама затоа играше малиот Куртис Џонсон (18) кој во 71' минута постигна маестрален гол и го испрати Евертон без победа дури и по 21. градско дерби.

Џенова слави победа благодарение на бесмртниот Горан Пандев

Годините му летаат, тренерите му се менуваат, но тоа нема никакво влијание, бидејќи во прашање е искуство, желба, знаење, а во случајов и многу среќа кај капитенот на Македонија кој не се дава и на клупско и на репрезентативно ниво.

Во ФА Куп падна голот на деценијата

ФА Куп важи за најстаро фудбалско натпреварување во светот кое се игра 149 години. Кој знае што чуда од голови паѓале низ историјата. Ние како сведоци на денешницата го издвојуваме овој бомбастичен еврогол кој го постигна денеска фудбалерот на Ротерам, Кајл Васел на дуелот против Хал.

Па нема смисла ова што му го фати Облак на Барди

Барди влетува на втора и ја кова поштено. Шансата на прва изгледа на чист гол, ама Јан Облак со крајни напори спасува со една рака. Сето ова се случува на мечот Атлетико - Леванте при резултат 2:1 и тоа во 93-та минута. Неверојатно.

Златан е командант уште на првиот меч за Милан

Ти оди лево, ти десно, вие двајца бркајте позади, а ти со мене во напад. Ете тоа е Ибра кој уште на првиот собир на подготвителен меч со Милан се постави со своето големо искуство и авторитет. Два месеци и кусур нема одиграно натпревар, а веќе даде гол и направи асистенција.

Сите голови на Ливерпул во финале во ерата на Клоп

За четири и пол сезони ги однесе во седум финалиња. Од нив освои три и тоа сите во 2019-та со кои стигна до историска тројна меѓународна круна, што не му успеало на друг англиски клуб. Голот во финале носи посебна емоција, а навивачите на Ливерпул уживаа во вкупно 9 откако ги води Германецот. Три се на Мане.

Потег на Дејан на 14 години во сала ала Рикардињо

2014: Кое ли е детево што вака му го испи мозокот на противникот со Нејмар, Фалкао, Рикардињо или каков и да е потег? 2019: Трансфер во Јувентус за 35 милиони евра.

2020-та - златна можност за една наша извонредна селекција

Имаат квалитет, игра, хемија, а за желба да не збориме. Добија и Лига преку која патот е најреален. Докажаа дека можат да одат по него, но мора да го изодат до крај, а тоа се ближи. 26-ти и 31-март ќе дојдат многу брзо.

Како Златан го направил првиот трансфер во кариерата

На денот кога можеби го направи последниот трансфер, одиме 19 години во минатото со една куса анегдота која ја раскажува самиот Златан. Ова е голема потврда колку значел уште тогаш, ама и колку клубот што го купил бил принципиелен. Сите морале да го видат.

Во мексикански затвор фудбал договориле два клана, резултат 16 загинати, 5 ранети

Периодот околу Нова година и верските празници е време за нови почетоци и простувања, ама така не мислеле и во затворот во Сиенегиљас, град во Мексико.