Најдобриот велшки фудбалер кој беше заслужен за неколку пехари на Реал Мадрид претходниве сезони, во шпанската Ла Лига веќе ја пушташе косата пред да ја врзе во репче.
Ваков кадар видовме на јануарскиот меч со Хетафе кога Реал Мадрид славеше со 3:0.
А и самиот Герет Бејл ја ставил оваа фотографија од тренингот на Велс на својот Твитер профил:
#NewProfilePic 😂 pic.twitter.com/NRJhjm26fo
— Gareth Bale (@GarethBale11) September 2, 2020
Но ретко кој знаел дека Герет Бејл решил да пушти подолга коса затоа што се борел со ќелавост која го мачела уште додека играше во англискиот фудбал.
Еднаш кога Хари Реднап бил тренер на Тотенхем, кога влегол во соблекувална, одел од еден до друг играч и им дофрлал по некоја критика. Кога стигнал до Бејл, му рекол: „Герет, престани да правиш будала од себе со тие фризури“.
Бејл еднаш направил смешна фризура па за да не го закачаат соиграчите решил да дојде со капа во соблекувалната.
Но малку кој знае дека проблемите со ќелавоста на Велшанецот му се јавиле некаде во 2013-та пред самото доаѓање во Реал Мадрид. Му опаѓала косата кај тилот и му се проретчила па одлучил да ја пушти долга за да ја сокрие ќелавоста.
После овие фотографии со кои на социјалните мрежи се тераше мајтап, Бејл во 2017-та година решил да пресади коса и да ја згусне
Дејли Мејл пишувал дека соиграчот од репрезентацијата на Велс, Џо Ледли го советувал Бејл да оди во клиниката KSL Hair каде процедурата за пресадување чини околу 10.000 фунти. Клиниката никогаш не ја потврдила ниту демантирала оваа информација, но на својот сајт пренеле статија од The Sun во која се споменува пресадувањето на косата на Бејл кај нив.
После ова настанала тишина околу пресадувањето коса на Бејл, немало никакви вести за успешноста на трансплантацијата ниту пак слики како на Герет му е опадната косата.
Турската клиника esteGrande, специјализирана за пресадување коса, забележува дека репчето на косата на Бејл можеби не е резултат на тоа што сака да ја прекрие ќелавоста, туку причина.
Според истражувањето на студентите од Медицинскиот факултет на Универзитетот Џон Хопкинс во Балтимор, одредени фризури за кои е потребна поголема количина гел, може да доведат до нагло опаѓање на косата.