Летото 2009-та падна јака трампа во европскиот фудбал. На Камп Ноу пред 60.000 луѓе беше промовиран Златан Ибрахимовиќ за кој Барселона на Интер му го даде Ето и доплати уште 46 милиони евра.
Ибра во Шпанија пристигна по серија од три Скудета по ред со Интер под водство на Манчини, но не му се посреќи пехарот во ЛШ. Тоа беше година во која го освои Барселона два месеци пред трансферот на Швеѓанецот.
Но и покрај тоа што имаше врвна екипа, не успеа да го одбрани, туку отиде токму кај Интер после она познато славје на Мурињо кој ги елиминираше во полуфинале Каталонците и трчаше по цел терен на Камп Ноу.
Ибра партиципираше со 21 гол на сите натпреварувања и освои 5 трофеи: Ла Лига, Супер куп на Шпанија два пати, Супер куп на Европа и Светско клупско првенство. Само таа пуста Лига на шампиони му бега во кариерата и по се изгледа тешко и дека ќе ја освои.
Пред елиминацијата од Интер, во четвртфинале им падна Арсенал. Понатаму да чуеме од него.
„Во 2010-та пред мечот од ЛШ против Арсенал ја повредив десната нога и поради тоа не можев да го играм реваншот после оние 2:2 во Лондон каде постигнав два гола.
Пред мечот на Камп Ноу, отидов да се видам со Меси и му реков: Слушај ме вака, денес нема да играм и сега тебе ти е редot да се погрижиш за тимот. Дадов два скапоцени гола, но сега од ти треба да ја завршиш работата.
На тој меч Меси беше монструозен. Постигна 4 гола и го имаше еден од најдобрите индивидуални настапи до сега.
По мечот отидов повторно во соблекувална и му реков: Честитки, денес беше подобар од Златан.“
Да се потсетиме за што точно зборува ветеранот на Милан: