Една фотографија стара неколку години, деновиве стана актуелна на социјалните мрежи. На неа детето задолжено за собирање топки во Ајакс, Матајс Де Лихт се слика со најдобриот играч во Амстердам тогаш, Луис Суарез.
Оваа слика ги радува и навивачите на Јувентус кои очекуваат за неколку дена холандскиот стопер и уругвајскиот ветеран одново да се спојат.
Кариерата на Суарез блесна откако тој од Уругвај дојде во Холандија како 19-годишник и во првата сезона во Гронинген постигна 13 голови.
Без никаков сомнеж, за најдобриот шпиц во холандската лига во ред застана нормално Ајакс. Во Амстердам Луис Суарез играше од 2007 до 2011-та година и постигна дури 111 гола на 159 меча.
Потоа патот го однесе во Ливерпул каде стана светска класа и во Барселона во чиј дрес освои еден куп трофеи.
Чудни се патиштата фудбалски, Де Лихт после 12 години одново би можел да биде близу својот идол од детството.