Во последните 9 години Јувентус во Италија освои практично сè, односно стигна до рекордна серија од 9 Скудета во низа, што не му успеало претходно на никој друг на чизмата.
Поразот од Наполи во последното финале во Купот на Италија, не му дозволи на Јувентус да го освои трофеј по 14-ти пат, иако го држи рекордот и во ова натпреварување.
Јувентус стана првиот тим во Италија кој успеал да стигне до двојна круна четири сезони по ред, а инаку вкупно шест пати ги имаат освоено Купот и Скудетото во една година (1960, 1995, 2015, 2016, 2017 e 2018).
Оваа сезона не им одеше во ниту еден куп и го загубија и Супер Купот против Лацио кој имаа можност да го освојат по деветти пат. Но и во ова натпреварување се рекордери.
Во моментов, благодарение на најновото Скудето, Јуве може да се пофали со извонредна бројка од 60 официјални освоени трофеи од кои 36 Скудета (плус 2 одземени), 13 купови и 8 Супер купови. Тука треба да се додадат и федералното првенство во прва категорија во 1908-ма, италијанското првенство во прва категорија во 1909-та и Серија Б во 2007-ма.
Статистиката вели дека 24 од овие 60 трофеи или 40% ги освоиле во последните 23 години. Во последните 9 сезони пак во конкуренција на Серија А, куп и Супер куп на Италија од 26 можни трофеи освоиле 16 или 62%.
На неприкосновениот Јувентус на домашна контра му одат резултатите од меѓународната сцена. Во овие 23 години немаат ниту еден трофеј, а последниот им е освоен на 5 февруари 1997-та кога го подигнаа пехарот во Супер Купот на Европа против ПСЖ.
Потоа ги загубија сите четири финалиња во Лига на шампиони почнувајќи од 1998-ма против Реал, па во 2003-та од Милан и во поново време во 2015-та од Барселона и 2017-та од Реал.
Во истражувањето стои дека Јувентус никогаш претходно во историјата не апстинирал толку долго од победи на континентално ниво. Претходниот негативен рекорд го имале меѓу 1958/1959, сезона во која за прв учествувале во КЕШ, па се до 1976/1977, сезона во која го освоиле Купот на УЕФА.