Полскиот клуб во кој од 23 играчи, пола се презиваат исто

Можеби не е најдобриот ни па најстар клуб во Полска, ама е познат по тоа што половина од играчите носат исто презиме. ЛКС Гранични Кровица е најверојатно уникатен клуб во овој податок.

Ништо чудно доколку се разгледаат составите на македонските селски клубови од пониските рангови, да се налета на нешто слично, па да имаш пола екипа Спировци, Трајковци, Николовци.

„Мислам дека имаме 23-ца кои се презиваат Фургала, ама ќе треба да ја проверам листата зошто дури и јас сум збунет. Практично можам да направам тим од 11 Фургаловци“, вели Хенрик Низиерски, претседателот на аматерскиот клуб од селото Кровица Холодовска во југоисточна Полска, на самата граница со Украина.

 

Низиерски, чиј дедо по мајчина страна исто се презивал Фургала, вели дека само некои од играчите се роднински поврзани и дека сите доашаат од 10 различни фамилии.

Работата да биде уште повесела, некои од играчите имаат дури и исти имиња со презимето па клубот најчесто се потпира на прекари или датуми на раѓање за да избегне хаос.

„Успеавме некако. На пример земете го Томаш Фургала, имаме двајца такви, па едниот го викаме Томо а другиот Фофо“, вели претседателот на клубот.

Гранични Кровица е клуб основан во 1982 година и отсекогаш во составот имал одреден број Фургаловци. Шефот вели дека во негово време кога тој играл, имало уште повеќе.

Презимето Фургалас е најчесто во тој дел на Полска или околу 839 лица се презиваат така во нацијата со 38 милиони жители според последниот попис на Владата.

3 септември 2020 - 13:19