Таг: полски фудбал

Избран голот на годината во Полска, Бергкамп треба да го види

Во ноември лани, во 2020-та, на мечот Краковија - Јагиелонија во полската Екстракласа, домаќините славеа со 3-1. Ама во 39' минута од тој меч гостинскиот фудбалер Хесус Имаз даде гол во стилот на холандскиот ас Бергкамп на времето во Арсенал.

Голманот што ги изнасмеа коментаторите сред пренос

Една чудна голманска одбрана на словачкиот голман Франтишек Плах го спаси голот на неговиот Пјаст Гливице против Лех Познан во 21. коло од полската Екстракласа. А коментаториве на глас се смееа.

Еден необичен зицер во полскиот фудбал

Или со други зборови промашување кое многу боли.

Сме виделе сè, ама голман во жив ѕид уште не

Трета фудбалска лига на Полска. Натпревар меѓу Блекитни Старгард и Сувалки. Гостинскиот голман Хиероним Зоч решава на еден слободен удар да излезе во живиот ѕид а негов соиграч ја спасува топката од гол линија.

Полскиот клуб во кој од 23 играчи, пола се презиваат исто

Можеби не е најдобриот ни па најстар клуб во Полска, ама е познат по тоа што половина од играчите носат исто презиме. ЛКС Гранични Кровица е најверојатно уникатен клуб во овој податок.

Еврогол за кој ќе се збори пред коперација

Збигњев Јаник им даде мотив повеќе на локалците од неговото место да дебатираат за фудбал, откако овој фудбалер на Блиск Кужнишко од 7-ма полска лига постигна голчиште против Полонија Тржебница.

Играч, капитен, претседател - како Куба Блажчиковски ја спаси Висла од пропаст

Полската лига беше една од првите која сопре со фудбал поради коронавирусот, а таквиот развој им нанесе голем удар на сиромашните и помали клубови во оваа земја.

Смеј се, топката ја дупна

Ерик Јирка е фудбалер на полски Гурник Забже. Има 22 години и e тотално без осет кога ќе начека топка на волеј. Што има дечково во ногата не е јасно, ама ова не е нормално колку е силно.

Нестварен фудбалски потег во Полска

Нема зборови што може да го опишат ова ремек дело од интервенција во полскиот прволигашки фудбал. Дечково се вика Мачеј Домбровски, игра за последнопласираниот Заглебле Лубин и во обид да расчисти опасност го направи најневеројатното.

Добро вие фудбал играте или пинг понг?

Погледнете ги царевиве во Полска каква акција врзаа. Ако не сте доручкувани може да ви се слоши. Полека, не мора да броите колку пати ќе ја удрат.

Надвор од контекст

Полски фудбал, разонода, семки, кикирики. И рогање фудбал од еден на друг крај.

Од аут ја изведе во аут

Генијалниот потег на денот, неделата и месецот го има Жоао Нунес од Легија Гдањск. На финалето во полскиот Куп дечкото изведе аут и со тоа успеа да направи нов аут за противникот. Цар.

Игор што мајсториште ќе беше

Во полската Екстракласа, Гурник Забже играше против Заглембје. И додека резултатот беше 1-1, во 60’ минута шпанскиот ветеран Игор Ангуло постигна преубав гол за победа од 2-1.

На 11 години ти успеа ова?

Детево се вика Бартош, Пољак е и направи потег кој не го можат ни светски играчи во сениорска конкуренција. Добро што е со ова Пољациве? Па уште не го слави голот, демек ова ми е работа, а магија направи.

Судија кога ќе свирне крај може да те опорави

Во полската фудбалска лига Екстракласа, Горњник ја победи Висла со 2-0. Пред крајот од мечот домашниот стопер Бохниевич реши да украде дел од времето така што ќе глуми повреда, но брзо стана кога судијата дувна во свирчето.

Како во Полска се играл фудбал за време на Втората светска војна

Во време кога за крив поглед се завршувало во концентрационен логор, голема група ентузијасти и покрај забраната скришно организирале фудбалска лига. Окупаторот затворал, убивал, рушел стадиони, но фудбалот во Полска преживеал и покрај сите ужаси.

Компилација цикрузи во полската фудбалска лига

Имаат полни стадиони, средени терени, жестоки навивачи и сосема добри клубови кои играат еврокупови секоја година. Ама доблесни се да направат и собир на најголемите киксови во првата лига.

Акцијава е супер за никаде

Што да се каже за овие. Едниот штопер ја гледа топката, другиот се пишмани што се обиде да ја врати на голманот, а за понатаму сами ќе си видите. Антифудбалски потези во Полска. Ужас.

Кога гол на годината во Полска беше автогол

Дуел меѓу ривалите Арка Гдиња и Висла Краков. Полн стадион, тензија, голема борба на теренот. Во 45’ минута домашниот играч Адриан Мровиец си забива таков автогол што долги години се врти по шпиците.

Пародија и комедија во полскиот фудбал

Полската Екстракласа влегува во самата завршница - плејофот во кој ќе се разигрува за титула, европкупови и опстанок во лигата. Најсериозни кандидати за титулата се Јагелонија, Легија и Лех. Сезонава имаше многу јаки голови таму, ама и комични ситуации.