Триесет и шест годишниот Ведад Ибишевиќ е права легенда на Бундеслигата. Тој се прослави во Германија уште во сезоната 2008/2009 кога за тогаш најголемото изненадување Хофенхајм постигна 18 гола на 17 меча.
Сега во Германија се зборува за неговиот несекојдневен хуман гест.
Ибишевиќ во четвртокот потпишал договор 1-годишен договор со Шалке и решил да ја жртвува целата годишна плата која ќе ја пренасочи во хуманитарни цели. Одлучил да ги заработува само бонусите за победи и голови пропишани во договорот.
„Заедно со мојот менаџер сега бараме хуманитарна организација. Има многу можности. Едно е јасно: не дојдов овде да заработувам пари. Работата не е во тоа. Само ако екипата има резултати, ќе земам бонуси“, рекол Ведад Ибишевиќ по промоцијата во клубот од Гелзенкирхен.
Пред договорот да биде потпишан, Kicker објавил дека Ведад треба да заработи 100.000 евра за 1 година во Шалке. Оваа плата е пониска дури и од просечната годишна плата во трета лига во Германија.
Ибишевиќ сакал да му помогне на Шалке да излезе од спортска но и од финансиска криза па затоа бил спремен на големи отстапки. Некогашниот гигант од Гелзенкирхен во последните години проаѓа низ многу сериозна криза на резултати и финансиска пропаст.
„Бројките не се верни. Да, јас заработувам мала плата која што е пропишана со осигурувањето. Тоа е типичен договор, ориентиран на резултати. Ако бидеме добри како еипа тогаш ќе заработам нешто пари“.
Притоа Босанецот имал и други варијанти за да заработи повеќе пред крајот на кариерата, но решил да остане во Бундеслига.
„Воглавно имав понуди од други земји ои секако беа поинтересни од финансиска гледна точка. Но си поставив прашање што е најважно за мене? Сфатив дека тука во Шалке ми се допаѓа многу повеќе отколку да играм фудбал каде било на друго место“, рекол шпицот кој од 2006-та година е во Германија и постигна преку 127 гола во Бундеслигата.
Шалке е идеална варијанта за Ведад, а и тој за нив затоа што клубот нема големи очеувања а ниту тој за финансии.
„Ќе правам сè што ќе сака тренерот, можам да седам на улица, да влегувам од клупата или да играм од старт. Се знам себе, но моите амбиции се големи“, констатира Босанецот.