Во 8 часот по средноевропско време, со приватен авион на аеродромот Ел Прат во Барселона слетал Хорхе Меси. Таткото на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња стигнал директно од Розарио.
Откако благодарение на Малдини и големата љубов на Тонали кон Милан, овој талентиран бисер го одби најголемиот ривал Интер и потпиша со росонерите, сега клубот од Сан Сиро се врти кон уште еден талент.
Шпанската фудбалска репрезентација неделава ја чекаат два меча од новото издание на Лига на нации. Прво утре дербито со Германија на „Мерцедес Арена“ во Штутгарт, а после со Украина во недела. За време на еден од последните тренинзи, Родри и Тиаго покажаа што знаат.
Ковидот внесе конфузија во фудбалската шема и сега се испреплетија и закаснија многу натпреварувања. Не се знае што се доигрува од прошла, а што стартува во новата сезона. Ред е да разјасниме, ама и да му се радуваме на месецов. Ќе биде многу богато.
Уште нема никаква разврска на случајот Меси-Барса, но Аргентинецот полека врти нова страница од неговата неверојатна кариера. Дури и на неутралните емотивно им паѓа крајот на една ера која што го одбележа светскиот фудбал. Би било чудно да се гледа во друг дрес.
Во жестока конкуренција, Ханси Флик со убедливо повеќе гласови е избран за најдобар германски тренер на сезоната 2019/2020. А за неговата кариера и живот и после тројната круна со Баерн, не се знае многу.
Грчки ПАОК просто се помири со судбината цела вечност во квалификациите за Лига на шампиони да игра против Ајакс или Бенфика. Веќе ни сами не знаат колку пати низ годиниве од стотици други клубови на ждрепките, секогаш им паѓа холандскиот или португалскиот клуб. И пак им падна.
Во сјајната документарка од Амазон за Тотенхем 'All or Nothing', Жозе Мурињо седи во својата канцеларија и слуша на телевизија како коментар збори дека времето на Жозе поминало. Португалецот ладнокрвно го исклучува.
Клубот кој ја импресионираше фудбалска Европа со фантастични партии, ретко греши и на трансфер пазарот каде сјајно работат во последните неколку години.
Македонските претставници во квалификациите за Лига Европа, денеска напладне ги добија своите ривали – Силекс против Дрита, Ренова ќе игра против Хајдук Сплит, а Шкендија против романски клуб за кој играат двајца Македонци.
Најпознатиот „инвајдер“ кој редовно упаѓа на големи натпревари па редари го бркаат по цел терен додека стадионот се забавува, овојпат не можел да игра на пријателски меч против својот сакан клуб. Полицијата му забранила.
Македонските репрезентативци беа главни актери во решетањето на АПОЕЛ Никозија во кипарското првенство. АЕК Ларнака славеше со 3:0 а Тричко и Спировски дадоа по еден гол за втор триумф на АЕК Ларнака во шампионатот.
Главна тема во светот на спортот летово е желбата на Лионел Меси да замине од Барселона после цели 20 години. Аргентинецот уште не отиден од Камп Ноу, а веќе ја бараат неговата бројка на дресот. Комично.
Ирецот Мет Доерти важи за еден од најдобрите бекови во англиската Премиер лига. Навивачите на Тотенхем се презадоволни што клубот успеа да го купи од Вулверхемптон за пристојна сума, ама Доерти мораше да брише стари твитови во кои изразува љубов кон омразениот ривал на Хотспур.
За фудбалер нема поголем ќејф од тоа да го реши мечот со ефектен гол. Густаво да Коста така му донесе три бода на Олимпијакос Никозија на Кипар против Паралимни (1:2) со фантастичен слободен удар.
Со три гола на капитенот Мемфис Депај и еден на Весли Лаутоа, Лион со 4-1 го прегази Дижон, па многу и нема да се памти промашувањето на Максвел Корне. Епско промашување.
Некои медиуми веќе прават анализи околу тоа како најдобриот играч на светот ќе игра во тактиката на Манчестер Сити кај Гвардиола, а некои уште си поигруваат со нагаѓања каде Меси ќе ја продолжи кариерата. Па го начекаа Клоп да го прашаат дали го гледа Лео на „Енфилд“.
Барањето на Меси преку бирофакс за заминување од Барса не само што ги растревожи Каталонците кои дојдоа пред „Камп Ноу“ и бараа оставка од Бартомеу, туку ги крена на нозе и навивачите на Њуелс Олд Бојс.
Младиот Аргентинец Николас Иван Гонзалес постигна супер гол од пола терен на пријателската со Хамбург која неговиот Штутгарт ја доби со 3:2. Нико даде два гола од кој едниот беше мајсторија.
Најголемите две интриги на летниот трансфер пазар се: 1. Дали Меси ќе замине од Барселона? (има цврста намера да си оди, но имаше и претходни години) и 2. Ако си оди, дали ќе замине бесплатно?
Англискиот клуб важи за прв фаворит за потписот на еден од најголемите на сите времиња, доколку Аргентинецот навистина замине од Барселона после цели 20 години.
Светот на спортот веќе неколку часа непрестано дебатира околу сагата Меси и Барселона, откако Аргентинецот побарал раскин на договорот и изразил желба да замине од Камп Ноу. Свое мислење дадоа и големите мајстори на фудбалот, луѓе кои играа и за Реал и за Барселона.
Претседателот на Барселона Жозеп Бартомеу е под јак притисок од сите страни. Веќе неколку месеци го напаѓаат негови потенцијални наследници, а од вторникот вечер и многу легенди на клубот.
Аргентинецот се спремал долго време и синоќа како гром од ведро небо ја потресе светската јавност: Меси на управата ѝ пратил бирофакс со официјално барање. Според Marca, Лионел сака да ја искористи клаузулата во договорот за едностран раскин на договорот (може да ја активира на крајот од секоја сезона).