Откако испадна во квалификациите за Лига на шампиони, кратовски Силекс ќе продолжи во обидот да стигне што подалеку во Лига Европа. За ривал ја добија Дрита од Косово а македонскиот претставник ќе биде домаќин на единствениот меч (УЕФА одлучи да нема реванши во оваа фаза).
Тетовска Шкендија ќе има тежок противник на патот кон 3. коло во квалификациите за Лига Европа, откако денеска на ждрепката во Нион за ривал го доби романскиот клуб Ботошани чиј дрес го носат Стефан Ашковски и Давид Бабунски. Шкендија ќе гостува во Романија што ќе биде дополнителен предизвик за вицешампионот на Македонија.
Вториот тетовски клуб кој направи огромен успех што стигна до оваа фаза и веќе заработи околу 500.000 евра од фондот на УЕФА за пласман во следната рунда, во Скопје ќе го пречека Хајдук Сплит.
Натпреварите се предвидени за 17 септември, а според одлуката на УЕФА, во оваа фаза ќе се игра само по еден меч.
ПАРОВИТЕ ЗА 2. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО НА ЛИГА ЕВРОПА:
Во меѓувреме се извлекоа и паровите за 3. квалификациско коло за Лига на шампиони:
Шампионска група
Ференцварош - Динамо Загреб
Карабах - Молде
Омонија - Црвена Звезда
Митјиланд - Јанг Бојс
Макаби Тел Авив - Динамо Брест
Лигашки дел
ПАОК - Бенфика
Динамо Киев - АЗ Алкмар
Гент - Рапид Виена
Дуелите од оваа квалификациска фаза во Лигата на шампионите ќе се играат на 15/16 септември. И овде пак ќе има само една средба, со цел да се забрзаат квалификациите. Победниците одат во плеј-офот, додека поразените патуваат во групите на Лига Европа и имаат загарантирана европска есен во второто по ранг натпреварување.