После половина час Хорхе Меси поминал низ толпа новинари и на стотици прашања, со маска преку лицето одговарал со: „Јас не знам ништо“. Малку подоцна додека излегувал од такси на прашањето дали Меси ќе остане во Барса, рекол: „Тешко, тешко“.
🚨 BOMBAZO del padre de MESSI:
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) September 2, 2020
💣💥 “Leo lo tiene DIFÍCIL PARA QUEDARSE en el BARÇA”.
IMAGEN #JUGONES pic.twitter.com/TpZ7If5t1D
За денес е закажана средба меѓу Хорхе Меси и претседателот на Барселона Жозеп Бартомеу.
Првиот човек на каталонскиот гигант смета дека точка од која нема назад уште не е пројдена и има голема надеж од претстојниот разговор. Целта му е да го убеди Меси да остане во клубот. Барса нуди нов договор до 2022 (според други информации до 2023) со услови кои Лионел ги прифатил пред неколку месеци.
Најважен момент сега е: точката која му дозволува/овозможува на Меси да замине по завршувањето на секоја сезона и која ја има и во новиот договор.
Бартомеу смета дека тој е во добитна позиција. Според информациите на Cadena SER, во краен случај тој смета дека би можел да оди со: „Ако си одите без компензација од 700 милиони евра, нема да избегнете процес на суд“.
Барселона се однесува како ништо да не се случило. Во рекламата за новиот дрес за новата сезона, Меси зазема централна улога. Јасно е и очигледно отсуството на Луис Суарез кој веќе на големо се поврзува со Јувентус и е пред потпис со „Старата дама“.
Како што пишува Marca татко му на Меси долетал во Барселона со цел да добие мирен раскин на договорот, по мирен пат. Самиот Лионел не сакал да одат на суд со саканиот клуб и спремен е да замине за сума која што ќе може да ја поднесат ПСЖ или Манчестер Сити, потенцијалните нови дестинации.
Лео Меси во август цврсто одлучил да си оди од Камп Ноу.
Меси веќе не доаѓа во клубот, не се појавил на тренинзи, ниту на законски задолжителните тестирања за глобалниот вирус. Френки Де Јонг изјавил дека Лео уште е во групниот чат на WhatsApp.
Популарната шпанска радио станица Cadena SER соопштила дека Лионел и неговите најблиски веќе не се толку силно решени Меси да замине и дека не е исклучено ни веќе видено сценарио од последните години кога после неколку неделни натегања, на крајот Меси потпишуваше нов договор.
Најреален претендент за потписот на Аргентинецот е Манчестер Сити, но Mundo Deportivo пишува дека богатиот премиерлигаш со сигурност ќе се откаже од договор ако мора да плати огромно обештетување.
Британскиот таблоид The Daily Record поделил инсајд дека Сити е спремен да понуди 5-годишен договор вреден 700 милиони евра но тоа е само шпекулација. Според овој договор наводно Меси 3 години би играл за Манчестер Сити а после уште 2 во Њујорк Сити (филијала на Сити, франшиза од City Football Group во американската МЛС).
Серијата продолжува, но веќе денес на 2 септември може да има кулминација.