Данецот Мартин Брајтвајт кој пред неколку месеци дојде во Барселона, „мртов-ладен“ се обратил кај луѓето од управата и ги прашал дали тој може да го наследи бројот 10 по евентуалното заминување на Меси.
Оваа информација ја пренесе изданието 20 minutos, шпанско издание на 20 Min Holding.
20 minutos е дневен бесплатен весник кој излегува во Шпанија, Франција, Швајцарија и Украина. Овој назив весникот го добил поради намерата секој Европјанин да чита весник за време на патот до работа. Весникот е таблоид кој пишува за скандали, интриги, истраги, баналности.
Овој холдинг е лидер на пазарот за слободни весници во земјите каде што излегува, но нема инсајдерски информации во фудбалските клубови.
Од каде тогаш 20 minutos ја дознале веста за Брајтвајт? Од шега која се појавила на Твитер пред неколку дена.
„Мартин Брајтвајт го побарал дресот број 10 по заминувањето на Меси. Во одговор управата му рекла дека он ќе си оди пред Меси“.
Martin Braithwaite made a request to the senior Barça officials that he would take the number 10 shirt when Messi leaves.
— FootballFunnys (@FootballFunnnys) August 29, 2020
So they responded by telling him that he would be leaving before Messi. 😂😭 pic.twitter.com/hdWtgqH5Yy
Трол профилите на Твитер дури и направиле монтажа со наводен скрин-шат од сајтот на Барселона каде Мартин веќе ја носи 10-та, а на списокот напаѓачи до него ги нема Суарез и Меси.
Но оваа шега набрзо станала сериозна вест која што ја објавиле дури и реномирани сајтови како познатиот Mundo Deportivo.
🔵🔴#FCB
— Mundo Deportivo (@Thomas_Selby1) August 28, 2020
❗️Ya es oficial ❗️
El dorsal 10 ya tiene nuevo dueño.
🇩🇰Braithwaite 10 🙌🏻 pic.twitter.com/LIMDZSgLTB
Информацијата не ја потврдиле од Барселона, па останува да се види дали ќе има нова легендарна 10-ка на Камп Ноу. Барем додека навивачите жалат по правата легенда. Што се однесува до правилото за бројки на дресовите, во Ла Лига клубовите мораат да имаат од 1 до 25 и само толку. Исклучок може да се само младите играчи за кои не треба регистрација.