Симеоне е експерт за трансфери и е близу на Атлетико да му донесе милијарда евра

Само четири клубови во светот во последниве 10 сезони заработиле повеќе пари од трансфери од Мадриѓаните. Со аргентинскиот стратег најпрофитабилно лето клубот имал лани во кое од играчи инкасирал 312,5 милиони евра.

Ел Чоло ќе бара засилувања пред почетокот на новата сезона, но за да го стори тоа ќе треба прво да продаде свои играчи за да собере пари поради финансиските проблеми предизвикани од пандемијата со коронавирусот.

Во негово време тоа и не било никогаш проблем, затоа што откако го води Атлетико Мадрид од 2011-та му има донесено 860 милиони евра од трансфери.

По сезони тоа оди вака:

Атлетико одлично знае да млати пари и се наоѓа на петто место според заработка од продажба на играчи во последниве 10 сезони. Во ова друштво има пет екипи од пет различни земји.

Плејада на играчишта го напуштија Атлетико последнава декада.

2011/2012

Антонио Рејес – 3,5 милиони евра

2012/2013

Едуардо Салвио – 10 милиони евра
Алваро Домингез – 8 милиони евра
Емре Белозоглу – 350.000 вера

2013/2014

Радамел Фалкао – 43 милиони евра
Пици – 14 милиони евра
Мартин Демикелис – 5 милиони евра
Рубен Микаел – 3 милиони евра
Жоел Роблес – 4 милиони евра
Лео Баптистао – 1,6 милиони евра

2014/2015

Диего Коста – 36 милиони евра
Филипе Луис – 20 милиони евра
Адриан Лопез – 11 милиони евра
Роберто Хименез – 6 милиони евра
Серхио Асенсио – 5 милиони евра

2015/2016

Џексон Мартинез – 42 милиони евра
Арда Туран – 34 милиони евра
Марио Манџукиќ – 23,4 милиони евра
Раул Хименез – 22 милиони евра
Тоби Алдерверлд – 16 милиони евра
Марио Суарез – 15 милиони евра
Раул Гарсија – 8 милиони евра
Миранда – 4 милиони евра

2016/2017

Борха Бастон – 18 милиони евра
Лео Баптистао – 7 милиони евра
Џош Гилавоги – 8 милиони евра
Лучано Вието – 5 милиони евра
Матиас Краневитер – 5 милиони евра

2017/2018

Тео Хернандез – 24 милиони евра
Оливер Торес – 20 милиони евра
Јаник Караско – 10 милиони евра
Аугусто Фернандез – 4,5 милиони евра
Нико Гаитан – 5,5 милиони евра
Хавиер Манквило – 5 милиони евра
Сантос Боре – 3 милиони евра

2018/2019

Гамеиро – 16 милиони евра
Врсаљко (позајмица) – 6,5 милиони евра
Диого Јота – 14 милиони евра
Пјер Кунде Малонг – 7 милиони евра
Бернард Менсах – 400.000 евра

2019/2020

Антони Гризман – 120 милиони евра
Лукас Хернандез – 80 милиони евра
Родри – 70 милиони евра
Гелсон Мартинс – 30 милиони евра
Лучано Вието – 7,5 милиони евра
Бернард Менсах – 2,8 милиони евра
Никола Калиниќ (позајмица) – 2 милиони евра

3 септември 2020 - 14:47