Годишниот финансиски извештај на ФИФА открива дека приходите од Мундијалот 2022 во Катар би можеле да достигнат над 3 милијарди фунти, најмногу досега од едно Светско првенство.
Романски новинар кој има работено за Guardian, FourFourTwo и World Soccer на Твитер објави видео од тренингот на Македонија во пресрет на вечерашниот дуел против Романија во смисол дека е нетипично. Кај нас ова го викаме „играње бзз“.
Копавме од 93-та до денес за да ја извадиме на виделина традицијата на македонската фудбалска репрезентација против романската. Не е добра воопшто, ама таа Романија беше многу подруга, а исто сега и Македонија.
Спонтан момент од тренинг на големата Барселона во која Кројф беше тренер а нападот го предводеа Ицо „Камата“ Стоичков и Бразилецот Ромарио. Јохан му објаснува на Ицо како да скока со јаже, овој се плетка па Кројф се смее.
Просто не се памти кога човекот дал обичен, просечен, секојдневен гол. Или прави мајсторија со пета или дрибла пола одбрана или лупа во агол од далечина како вечерва на мечот Франција - Украина (1-1) во квалификации за Светско 2022.
Репрезентацијата на Турција го одигра можеби најдобриот меч уште од генерацијата на Хакан Шуќур и компанија и со 4-2 ја декласираше Холандија во 1. коло од квалификациите за Светско првенство 2022.
Фудбалерите на Србија ја победија Република Ирска 3:2 откако гостите поведоа 0-1. Од клупа за резерви влезе Александар Митровиќ и експресно за 6 минути постигна два супер гола за пресврт. Првиот за 2-1 му беше уникатно ремек-дело во стилот на големиот мајстор Франческо Тоти.
На 18 март 2003-та година на бучниот „Риазор“ пред 25.000 души во групна фаза од Лигата на шампионите играа некогашниот шпански првак Депортиво Ла Коруња и англискиот гигант.
Видеово датира од меч одигран пред неколку години во англиската нисколигашка касапница. Можеби сте го виделе досега, ама не е на одмет да се потсетиме. 9 жестоки „колења“ за 17 секунди, само 1 досуден фаул и 1 жолт картон. Ова е фудбал.
Прво имавме бугарско фудбалско насилие, па прилепска фудбалска расправија, па на ред дојде српска фудбалска лакрдија. Сето тоа од нисколигашкиот фудбал, каде премија е да се вратиш дома читав ако си судија.
Питер беше стап висок 201 см и се изнаигра фудбал до 38 години, а се пензионираше 2019-та како играч на Барнли. Го држи рекордот во Премиер лига по број на постигнати голови со глава, ама најголемата мајсторија во кариерата ја направи со нога на денешен пред 9 години против Сити. Извонредно одиграно.
Поради преместување на Европското првенство 2020 за летово, репрезентациите одамна не играле сериозни натпревари. Македонската фудбалска селекција својот последен меч го одигра на 18 ноември лани против Ерменија на гости во Лига на нации.
31 година - 29 трофеи или во превод најтрофеен газда во историјата на Милан со 8 Скудета, 7 Супер Купови на Италија, 5 Супер Купови на Европа, 5 Лига на шампиони, 2 Интерконтинентални Купови, 1 Куп на Италија и 1 Светско клупско првенство.
Или ние испуштаме нешто многу вкусно или Лукаку има чуден вкус за храна, трето нема. Бил ептен навлечен на пица со ананас, која нутриционистот на Интер му ја забранил. Пица со нутела сме пробале и ептен оди, ама комбинацијава печено тесто со овошје нешто не ни штима.
Откако направи фантастична играчка кариера, некогашниот талентиран бисер на НК Марсонија со румени образи тргна во фудбалска Одисеја. Ја потврди својата класа во Баерн Минхен, а денес стана тренер на ЦСКА Москва. Интересен пат.
Култниот албум од италијанскиот гигант Панини наскоро треба да го пушти во продажба своето најново издание за Европско првенство. Во него ќе се најдат и најдобрите македонски фудбалери чии сликички со задоволство ќе ги лепиме.
Имаме доста јако историско парче снимено годината кога е формирана навивачката група Комити. Ќе дознаете лично од играч на Вардар како го формирале клубот и како ги добиле првите дресови од Виена, како и за првата топка кога се збуниле кога ја напумпале бидејќи била како јајце.
Фудбалерите на Белизе имале голема среќа и само поради благовремена реакција на полицијата избегнале киднапирање по доаѓањето на Хаити на меч од квалификациите за Светско првенство 2022.
Милан викендов ја совлада Фиорентина со 2:3, но има една многу спорна ситуација која мина незабележано. При постигнувањето на голот за 0:1, Ибрахимовиќ дрско се ослободува од својот чувар Валентин Есерик кој се побуни на Инстаграм дека срамно е што не им го поништиле голот.
Фудбалската репрезентација на Србија од неодамна доби нов селектор, Драган Стојковиќ - Пикси, легендарното фудбалско име. Уште на првиот тренинг на собирот на селекцијата, Нишлијата покажа зошто го сметаат за еден од најдобрите на овие простори. Србија ја чекаат дуели со Република Ирска и Португалија.