30 години од танцот на Дејан Савичевиќ на „Олд Трафорд“ против Манчестер

На денешен ден, 19 ноември во 1991 година на култниот стадион во Манчестер се одигра 17. издание на Супер Купот на УЕФА (во тој момент наречен Суперкуп на Европа). Се играше како и сега, еден меч меѓу победникот на Купот на европски шампиони (денес ЛШ) и победникот на Куп на победници на Купови (денес Лига Европа).

Црвена Звезда во Англија дојде како европски шампион. Од тимот кој го крена највредниот пехар тука беа речиси сите: Звонко Милојевиќ, Душко Радиновиќ, Горан Василиевиќ, Миодраг Белодедиќ, Илија Најдоски, Владимир Југовиќ, Дарко Панчев, Дејан Савичевиќ, Синиша Михајловиќ.

Пред 22.110 гледачи Црвена Звезда одигра неверојатен меч со безброј шанси но слаба вечер имаше нашиот Дарко Панчев на кого Савичевиќ му намести преку 5-6 зрели, 100% шанси, но „кобрата“ немаше своја вечер.

Овој натпревар важи за еден од најдобрите во кариерата на Дејо Геније. Со таква леснотија и бравурозни дриблинзи ги учеше фудбал домашните играчи, што права штета е што на крајот оваа партија не ја круниса со триумф.

Натпреварот заврши 1:0 за Манчестер Јунајтед со голот на Брајан Маклер во 67’ минута. Ова беше прв трофеј во Суперкупот за Јунајтед.

Од овој меч излезе и фамозната реченица на Дејо: „Панчев даваше по два гола по натпревар, на седум-асистенции кои му ги местев, промашуваше по пет-шест“

 

19 ноември 2021 - 10:04