Што прави и како е Данецот Ериксен кој падна на Европското и го исплаши светот?

Од моментот кој го смрзна целиот свет кога се урна на теренот поради акутен застој на срцето на отворање на Европското првенство помина речиси пола година, но сè уште не се знае кога Данецот Ериксен ќе се врати на теренот.

Според информациите на италијанската La Gazzetta dello Sport, играчот се надева дека ќе ја заврши рехабилатицијата во јануари а после постепено ќе им се враќа на целосните тренинзи. Но тоа е претпоставка за во најдобар случај, а никој сè уште не ја дијагностицирал точната причина за проблемите на Ериксен.

Некогашниот најдобар фудбалер на Тотенхем сезонава тешко да се врати на терен. Во месец јули Франческо Браконаро од научно-техничкиот комитет при Фудбалската федерација на Италија ги демантирал и најмалите шанси Данецот да се врати на терен со вграден кардиовертер-дефибрилатор:

„Кристијан Ериксен не може да добие дозвола да игра во Италија. Ако потребата за употреба на дефибрилатор биде елиминирана тоа ќе значи дека прашањето со патологијата е решено. Тогаш Ериксен ќе може да игра и натаму за Интер“, рекол чиновникот од Фудбалската федерација за една радио-станица во Италија.

Без дефибрилатор е опасно да се игра во такви ситуации, а да се игра со него на терен е забрането во Италија. Со овој апарат игра познатиот холандски репрезентативец и капитен на Ајакс, Дејли Блинд кој играше и во Манчестер Јунајтед.

Следењето на состојата на Ериксен продолжува, но во Интер се принудени да бараат варијанта за продажба на најскапоплатениот фудбалер во Серија А. Главна причина за тоа се и финансиските проблеми на кинеските газди кои летово беа принудени да ги продадат најдобрите играчи: Лукаку и Хакими кои од богати трансфери во Челси и ПСЖ им донесоа многу пари. Клубот остана и без тренерот Антонио Конте кој заработуваше огромна плата на годишно ниво, а планираат да се разделат и со 24-годишниот шпиц Лаутаро Мартинез.

Во моментов договорот на Ериксен во целост е заштитен и покриен од ФИФА, но од моментот на враќање на тренинзи, финансиското бреме паѓа на Интер. Управата на нераѕурите не е баш спремна и натаму да го испрати договорот според кој Ериксен заработува 7,5 милиони евра годишно, затоа се почесто се споменува негово враќање во Ајакс каде се прослави или во Тотенхем (Конте е тренер таму од неодамна, а токму тој бараше да му го донесат во Интер Кристијан).

„Што се однесува до Ериксен, тука треба да се напомене дека поради сериозниот здравствен проблем во јуни за време на Евро2020, италијанските лекари му забранија да се занимава со спорт. Тешките услови не дозволуваат играчот да остане во форма во Италија, така што тој може да ја продолжи професионалната кариера само во други земји“, пишува во годишниот финансиски извештај на Интер за Ериксен.

СО ШТО СЕ ЗАНИМАВА СЕГА ЕРИКСЕН?

Кристијан живее со семејството во родната Данска каде ја почнал кариерата, во градот Оденсе. Тој продолжува со терапија под строга контрола на докторите, тренирал помалку, а во последно време пешачел повеќе и бил да ја бодри репрезентацијата во квалификациите за Светско првенство.

Ериксен скоро беше во Италија. Тој првпат (после август) се сретнал со новиот тренер Симоне Инзаги и со соиграчите од екипата.

Кристијан во последно време работел и на поддршка на луѓе кои имаат или имале слични проблеми. Во август тој одговорил на едно писмо од 9-годишно девојче Еви на кое и ставиле дефибрилатор. Со Еми сега се е во ред, а мајка и била неизмерно благодарна за огромната поддршка на фудбалерот кој пред неколку сезони правеше дар-мар во дресот на Тотенхем.

16 ноември 2021 - 15:23