ДР Конго може да остане без бараж поради неправилна измена на Хектор Купер

Во последното коло од африканските квалификации за Светско првенство 2022 се случија неколку зафркнати епизоди. Некои беа поврзани со фудбал на теренот, а некои со вооружени војници по хотелски соби.

Веќе раскажавме што се случи на мечот Гана - Јужна Африка каде домаќините добија тотално непостоечки пенал но зошто во Африка нема ВАР, судиите беа ускратени од прегледување снимка па Гана оди во бараж за Светско а Јужна Африка која одигра добри квалификации, остана со кратки ракави.

Во меѓувреме на 14 ноември во Мадагаскар војска заедно со здравствени лица упаднале во хотелот каде била сместена репрезентацијата на Мадагаскар. Војниците тврделе дека има позитивни на Ковид во селекцијата на Танзанија. Фудбалскиот сојуз на оваа земја подоцна се пожалила на заплашување од страна на домаќинот со војска.

ХЕКТОР КУПЕР И НЕНАМЕРНАТА ГРЕШКА НА ДР КОНГО

Во група со Танзанија и Мадагаскар беа уште и ДР Конго и Бенин. Како најголем фаворит, ДР Конго успеа да биде лидер во групата. Во последното коло го победија Бенин со 2:0 и се пласираа во баражот за Светско првенство.

Првиот гол Конгоанците го дале од спорен пенал, но тоа не е најглавно од овој меч. При резултат 2:0 селекторот на ДР Конго, легендарниот Ектор Купер (два пати ја водеше Валенсија до финале на Лига на шампиони) направил четврта измена во четврта ситуација, иако според правилата на ФИФА, дозволени се вкупно 5 измени но во 3 ситуации.

Сè се случило во самиот крај на мечот, а Купер претходно во 3 ситуации вршел измени.

Скандалот веќе излегол и надвор од Африка.

„ФИФА доби жалба од фудбалскиот сојуз на Бенин по овој повод и ќе ја разгледа. Согласно стандардните процедури, ФИФА прво е должна да го проанализира соодветниот извештај од мечот пред да коментира. Уште не можеме да кажеме повеќе на темата“, рекле од Светската фудбалска организација.

Министерот за спорт на Бенин, Освалд Хомеки коментирал и за БиБиСи: „Вложивме жалба во врска со очигледното нарушување на правилата на мечот од страна на Демократска Република Конго. Бројот и моментите за замени на играчи за време на мечот е добро познат. Правилтата на игра се јасни и ние веќе имаме слични примери. Фудбалската федерација на Бенин побара од ФИФА да ја разгледа ситуацијата и да донесе соодветни мерки во врска со очигледно нарушените правила“.

Бенин за да биде прв во групата требал да одигра макар нерешено во ДР Конго и да обезбеди бараж но домаќините победиле и во финишот го презеле водството во групата.

10 победници од групите во Африка во следната фаза ќе играат плејоф, 5 против 5 и секој што ќе победи оди во Катар 2022.

Сега ДР Конго, можно е и Гана, ризикуваат да одат во плејоф наместо своите ривали. Бенин има голема слична ситуација од Европа на своја страна. Така на почетокот на сезонава германски Волфсбург тогаш трениран од Марк Ван Бомел, беше исфрлен од Купот на Германија и покрај победата. Се испоставило дека Ван Бомел направил погрешна измена плус во продолжение.

Во јануари иста грешка си допушти и Рома. Тогаш Римјаните направија 6-та измена во продолжение од меч во Купот на Италија иако се дозволени 5 и за тоа беа казнети и суспендирани. 

Во теорија ДР Конго исто може да биде казнет и во таа ситуација Бенин да оди во следната фаза од квалификациите во Африка. Покрај посрамотените ДР Конго и Гана, во плејофот се Алжир, Тунис, Нигерија, Камерун, Мали, Египет, Сенегал и Мароко.

Не се пласираше Брег на Слонова Коска кои беа втори зад Камерун во групата.

18 ноември 2021 - 08:19