Селекциите на Шведска и Велс се последните две земји кои влегоа во друштво на шесте носители меѓу кои македонската репрезентација ќе добие противник во баражот за Мундијалот.
Велс одигра 1:1 против Белгија, доволно за задржување на втората позиција во својата група, а Швеѓаните останаа носители поради подобрата гол разлика од Турција.
Во Г групата Холандија го доби меѓусебниот дуел со Норвешка со 2:0 што го завери пласманот и ги остави Халанд и другарите дома како гледачи на Светското, а Турција славеше против Црна Гора 1:2, победа вредна бараж.
Во Д групата втори избија Украинците откако славеа 0:2 на гостувањето против БиХ. Паралелно им се поклопи и резултатот на другата средба на која Финска загуби дома од Франција.
Тоа значи дека носители во баражот се: Португалија, Шкотска, Италија, Русија, Шведска и Велс, а неносители Турција, Полска, Македонија, Украина, како и Австрија и Чешка кои влегуваат како најдобри од Лигата на нации.
Според оваа слика, Македонија можеби најповолно би било за противник во полуфиналето да добие една од селекциите на Шкотска и Велс, кога веќе во тоа друштво се великаните Португалија и Италија, прваци од двете последните европски првенства.
Ждрепката е закажана за 26 ноември, а баражот се игра на 24 и 25 март (полуфинале) и 28 и 29 март (финале).