Изумителите на спрејот кој исчезнува бараат пари од ФИФА, ФИФА се прави неука

Исчезнувачкиот спреј во светскиот фудбал се појави за првпат во 2014-та година за време на Светското првенство во Бразил и беше прав хит, како за гледачите, така и за судиите и за играчите.

Сега овој спреј со кој се бележи местото на прекин или каде треба да стои живиот ѕид, се користи дури и во пониските лиги во цел свет, а до 2014-та беше само регионална јужно-американска приказна: таму судиите со години се бореле со играчи кои се движат во жив ѕид и се приближуваат до топката, така што КОНМЕБОЛ (фудбалска конфедерација на Јужна Америка) смислила употреба на спреј кој исчезнува.

ФИФА се навикнала на овој спреј во тој период, па во 2014-та година Мундијалот во Бразил бил идеална прилика да провери како ќе функционира. Но за користење на спрејот кој исчезнува, шефовите на светскиот фудбал морале да платат голема компенсација.

Бразилски суд сметал дека ФИФА без никаква дозвола решила да го користи спрејот, дури не ни платила цент компенсација за негово користење. Луѓето кои го смислиле овој спреј на суд барале околу 120 милиони долари компенсација - по 15 милиони од секој натпревар што се играл под закрила на ФИФА на Светското првенство.

Смислувачите на спрејот успеале да докажат дека ФИФА без нивна дзвола го користела нивниот изум спреј „9,15“.

Бразилецот Хејне Алемање и Аргентинецот Пабло Силва биле обични фудбалски навивачи, немале постојана работа и во исто време ја смислиле идејата за исчезнувачки спреј. Алемание гледал еднаш фудбал и сфатил дека судијата никако не успева да ги открие колку се поместиле играчите во жив ѕид. Пабло Силва, пак, се скарал со судија во време на еден аматерски меч и бил исклучен поради поместување во жив ѕид.

„Игравме на еден турнир, имаше слободен удар, а јас се наместив во еден жив ѕид на противникот. Настана гужва, се избезумив, го грабнав судијата, а он ме исклучи. Си отидов дома крајно разочаран и со мисла за тоа како да ја изменам таа неправедност“, се сеќава Аргентиенцот.

Алемање и Силва се запознале кога Бразилецот веќе го патентирал својот изум во Бразил и решил да излезе на меѓународен пазар. Решиле да се здружат и основале своја компанија под името „9,15 Fair Play“. Го патентирале спрејот и почнале да се договараат со КОНМЕБОЛ, а после и со ФИФА.

Добро се разбрале со Хулио Грондон кој бил претседател на фудбалската федерација на Аргентина. Он им помогнал да ја протнат идејата на спрејот и таа се распространила по цела Јужна Америка и на судиите многу им се допаднала зошто веќе нема да мора да се убедуваат и расправаат со играчите кои престапуваат.

Грондон во тој период имал силни врски во ФИФА па договорил средба на двајцата со директорот по маркетинг. Од ФИФА им ветиле 40 милиони долари за користење на патентираниот спреј. Но аргентинскиот функционер подоцна починал, контактите со ФИФА се намалиле и од таму решиле дека можат да дадат 500.000 долари за правата на спрејот и дека тоа е фер и доволна компенсација.

Силва и Алемање тогаш решиле да одат на суд, а Сеп Блатер се обидел да се договори со нив за спрејот, но по големиот корупциски скандал поради кои го апсеа, а после и сменија со Џани Инфантино, немало никаков договор. Новиот претседател на ФИФА во целост го прекинал секој контакт со изумителите на спрејот.

„Смртта на Грондон беше удар зошто он ми беше добар пријател а и не очекувавме дека ќе не уништат после него. Кога Грондон умре, со нас ги прекинаа сите контакт. Ни дојади ова понижување и ги дадовме на суд“, се сеќава Силва.

ФИФА негирала непосредно користење на нивниот спреј кој исчезнува. Решиле да купат друг спреј кој не бил патентиран и во 2017-та година имало судски спор. Ама зошто во бразилски суд? Затоа што нарушувањето на патентот е дело за кое таму може да следи и затворска казна до 4 години.

„ФИФА ја украде мојата идеја и тоа противречи на идејата за фер-плеј. Инфантино имаше можќност да покаже дали е голем човек или просто посредник како минатиот пират“, рекол Алемање.

Судот наложил ФИФА да им плати 120 милиони евра, но од седиштето во Цирих велат дека ќе се жалат на одлуката.

18 ноември 2021 - 14:19