Мбапе, десет празни места, па другите

Франција со селекторот Дидие Дешам покажа дека се класа и со право светски прваци. Иако обезбедија пласман на Мундијал 2022 во Катар, триколорите дојдоа во Хелсинки во полн состав со сите ѕвезди. Славеа 0-2 против Финска на која многу и требаа бодови за пласман во баражот. Ги отвори Бензема во 66’ минута, а Мбапе после маестрален трк во 76’ минута како болид од Формула 1 го затвори мечот 0:2.

17 ноември 2021 - 09:18