Потегот на Барселона да го врати Дани Алвеш од Сао Пауло веројатно е од тактичка природа. Покрај тоа што се работи за еден од најдобрите бекови во светот (додека беше малку помлад), се работи за многу ведар и забавен лик кој треба да му помогне на Чави за атмосферата во соблекувалната.
И тоа се виде уште првиот ден, на првиот тренинг и на првото појавување во соблекувална каде внесе свежи насмевки.
Алвеш им одржал и говор на новите колеги.
„Чест е да се биде тука после толку време. Враќањето е вистинска гордост, навистина сум почестен. Исто така, чест е што ќе ја делам соблекувалната со вас. Дојдов за да научам од вас, ова е нов свет за мене, а јас доаѓам од стариот. Но како стар, сакам да ви пренесам една работа, а тоа како да го претставувате овој клуб и овој дрес. Ова е најдоброто место за да направите големи работи, треба да го доживеете тоа. Вие сега сте тука и ценете го тоа. Нема ништо подобро од Барселона“.
Dani Alves's first training session
— FC Barcelona (@FCBarcelona) November 16, 2021
🔊 Sound On 🔊 pic.twitter.com/2G5VoVQPaM
Инаку Дани Алвеш е првото засилување на Пеп Гвардиола кој пристигна на Камп Ноу после шест успешни години во Севиља со која освои пет трофеи меѓу кои два пати Купот на УЕФА.
Потпиша за 32 милиони евра со што стана трета најскап дефанзивец и во првата сезона се радуваше на тројната круна.
Прв се појавил на тренинг вчера