Фудбал

Велемајсторски слободен удар на Бруно

Кризата на Ливерпул се префли и во ФА Купот каде вечерва беа елиминирани од Ливерпул со 3:2. Решавачкиот гол го постигна Бруно Фернандеш, ама не со оние класични кифли преку жив ѕид, туку со низок безобразен и непредвидлив сув лист.

Спектакуларен еврогол на српски фудбалер против Атлетико

Атлетико Мадрид и Валенсија одиграа 1:1 по првите 45 минути во шпанскиот шампионат. Гостите поведоа по само 11 минути игра преку 22 годишниот Урош Рачиќ кој ја опали на прва, ама ептен домаќински.

Легендата Хоакин и на 39 години го спасува Бетис

Ретко кој клуб во светот може да се погордее дека има симбол каков што е Хоакин, правата икона на Бетис кој и натаму игра на високо ниво и руши сериозни рекорди.

Две стативи и пречка од еден шут во Индија

Керала Блејстерс и Гоа во идниската Супер лига одиграа 1-1, а гостите во еден момент одиграа неверојатна акција после која топката ги погоди и двете стативи и пречката од еден ист шут.

Голманот на Монпеље му спречи еврогол на Курзава

ПСЖ го намачка Монпеље со 4:0 и тоа со три постигнати гола од 60-та до 63-та минуа. Погледнете што се случуваше во 69-та. Бекот Курзава ќе се прославеше со голчиште за најавни шпици, но голманот само ја пипна со прсти топката доволно за да ја расипе забавата.

Блесок на Тричко со хет-трик за 22 минути

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски продолжува да ги кине мрежите на Кипар. Ретко е ова наш фудбалер да растури со три комада за едно полувреме. Браво мајсторе.

Ливерпул не дал гол во 2021 и изгуби дома првпат после 68 меча во Премиер

Англискиот шампион дефинитивно е во криза. Јирген Клоп беше толку фрустриран што на полувреме му се пушти на гостинскиот тренер во жестока расправија. Не знаат за гол долго време.

Ќе раскажува на внуци дека одбранил 2 пенали против Барселона

21-годишниот Рамон Хуан цел живот ќе го памети мечот во шпанскиот Куп против Барселона зошто одбрани 2 пенали и добил дрес и честитки од Тер Штеген. „Криво ми е само што Меси не играше“, вели Рамон.

А ја знаете ли вие Борусија Мончеблах?

Се шмугнува малолетник во Моцарт и на вработениот на шалтер му влетува со следново прашање: Чиче, чиче, колку е Борусија Мончеблах? Инаку ова е вистинска случка за германскиот прволигаш Borussia Mönchengladbach (Борусија Менхенгладбах).

Голманот на Еибар му даде гол на Атлетико Мадрид

На мечот Еибар - Атлетико М. во 12' минута беше досуден пенал. Тренерот на домаќините Мендилибар му дозволил на српскиот репрезентативен голман Марко Дмитровиќ да го изведе, со цел ризик ако му го одбранат да се отвори брза контра. Дмитровиќ беше сигурен реализатор за 1-0.

Реплика на денот на тема ФК Вардар

Како тоа Вардар тебе те вреѓа? И како може најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија да е губитник? 11 првенствени титули има и испиша нова фудбалска историја со излезот во Европа. Зарем не заслужува помош? Него да преминеме на клизачов или со други зборови burn на годината.

Првиот од вкупно 760 голови на Роналдо

Пилиштар е тука, 17 години има на кои ќе го памети првиот гол во кариерата постигнат на 7 октомври 2002-ра на мечот Спортинг - Мореиренсе, конечни 3:0. Всушност два им даде тој ден, ама првиот ќе остане историски, затоа што од синоќа е прв стрелец во историјата. 19 години подоцна стигна до неверојатни 760.

Зидан 9 пати тргнал по еден драг пехар, ама никогаш не го освоил

Зинедин Зидан како играч и тренер има освоено еден куп трофеи. Највредни му се светската и европската титула со Франција, а бројни пехари освои и на клупски план. Само едно нешто му бега од рака повеќе од 30 години.

Кенеди, ај што имаш славно име и презиме, туку и јака левица

Синоќа додека Реал се бламираше во Купот на Шпанија, се одигра и еден меч од Ла Лига. Виљареал и Гранада дадоа по 2 гола, а од сите 4 највреден за гледање е оној на Роберт Кенеди во 75' за конечни 2-2.

На стативата најде бе?

Сме виделе фудбалери и кај нас и во други лиги како малата нужда ја решаваа брзопотезно, ама бар се кријат во некој ќош. Овој апла зема стативата да ја подмачкува и плус тренер е.

Погба ти знаеш ли да дадеш нормален гол?

Една недела откако со волеј го реши Барнли, Пог Погба повторно распали со јако голчиште, а овој гостински 3 бода на својот тим му донесе од гостувањето против Фулам, конечни 1:2. Јунајтед е прв на табела со 2 бода повеќе од Сити.

Роналдо стана најдобар стрелец во историјата и му донесе Суперкуп на Јувентус

Кристијано Роналдо (35) постигна гол во триумфот на Јуве од 2-0 над Наполи во Суперкупот на Италија и го надмина апсолутниот рекордер Јозеф Бицан на вечната листа најдобри стрелци на сите времиња.

42-годишен голман го водеше малиот третолигаш до сензација против Реал Мадрид

„Кралскиот клуб“ не престанува да разочарува. По поразот во шпанскиот Суперкуб од Атлетик Билбао, тимот на Зинедин Зидан срамно испадна од Купот од скромниот третолигаш Алкојано од Сегунда Б.

Реал Мадрид се избламира со третолигаш

Сензација во 16 финалето од Копа дел Реј каде Кралевите дозволија да бидат елиминирани од третолигаш и тоа со пресврт и плус со играч повеќе. Тимот се вика Aлкојано, ако ви значи нешто.

Најјаките анегдоти за Пирло со Гатузо

Вечерва за трофејот во италијанскиот Суперкуп ќе се борат Јувентус и Наполи, предводени од Пирло и Гатузо кои повеќе од десет години беа блиски соиграчи во Милан и репрезентацијата на Италија. Има куп јаки анегдоти поврзани со двајцата.

Пандев-Роки каков тандем беше тоа

Сезоната 2007/2008, Томазо Роки и Горан Пандев се искачија на седмата позиција на најдобри стрелци како напаѓачко дуо во историјата на Лацио. Многу добро се читаа и заедно растураа во напад. Погледне ја оваа комбинација, топка со очи на Пандев и мајсторија на Роки за делириум на коментаторот.

Шишко му одбрани пенал на Тричко на Кипар

„Македонското“ дерби меѓу Докса и АЕК Ларнака во фудбалското првенство на Кипар кое заврши 0-0, голманот на домаќините му одбрани пенал на неговиот пријател и репрезентативен колега Иван Тричковски.

Фолксваген Буба, народната кола на Хитлер и подемот на Волсфбург

Волсфбург, град на реката Алер, 75 километри источно од Хановер е град со најголемата фабрика за автомобили на светот, изграден врз село во 1938-ма година. Најголема забава за жителите е бундеслигашот Волфсбург кој во 2003-та сензационално ја освои шампионската титула.

Бомбастичен погодок на Сусо вреден победа

Севиља го доби гостувањето против Алавес со 1:2, а домаќините промашија пенал за реми во 91-ва минута. Голот на колото без конкуренција е на поранешниот фудбалер на Милан кој се отвори од 30 метри како никогаш до сега. Многу опасна левица извади.