Голем гест на Кристијано Роналдо со мало девојче на сред терен во Ирска

Можеби помалку очекувано, Република Ирска се покажа како тврд орев на „Авива“ стадионот во Даблин и ја задржа моќната Португалија на 0:0 во квалификацискаа група. Ова не ги смени драстично работите во оваа група.

И покрај тоа што тешко ги поднесува слабите резултати (во случајов нерешено со Ирска), Кристијано Роналдо кој имаше пар добри шанси ама не ги искористи, на крајот од мечот направи добар гест за кој денес се зборува.

Веднаш по судиската свирка за крај на мечот, од трибините истрча едно мало девојче, навивач на репрезентацијата на Ирска.

Редарите се залетаа решени да го вратат девојчето на трибини како што налага редот, но Кристијано Роналдо го гушна „расплаканиот натрапник“ чиј идол очигледно е Португалецот и и го подари дресот

После мечот се појавија подробни информации. Девојчето се вика Едисон Велан и игра фудбал за женскиот клуб Шелбурн до 13 години, клуб кој со голема гордост се пофали со нејзината фудбалерка

 

 

12 ноември 2021 - 14:32