
Последниот решавачки меч го играа со Русија во Сплит. На „коцкестите“ им играше само победа, а работата им ја отежна катастрофалната состојба на теренот поради обилните дождови во Далмација.
Се бореа Модриќ, Брозовиќ, Перишиќ и другарите до последен здив за да ја победат руската Зборнаја и по којзнае кој пат да ја израдуваат нацијата која веќе стана разгалена од фантастичните фудбалери на Хрватска.
Во 81’ минута автогол си даде Русинот Кудрјашов и Хрватска оди директно на Светско првенство, а Русија ќе игра во баражот: