Како Митровиќ со навивачите го прослави лудачкиот гол

Александар Митровиќ игра луда сезона. Во дресот на Фулам во англискиот Чемпионшип даде 20 гола на 17 меча и е убедливо прв стрелец. Во квалификацииве за Светско е втор стрелец со 8 гола. Лани промаши клучен, решавачки пенал против Шкотска во бараж за пласман на Евро 2020, ама сега во ноември 2021 наплати со камата.

Постигна гол со глава во 90’ минута во сред Лисабон на „Ла Луж“ стадионот за победа 1:2 против Португалија и директен пласман на Светско првенство. Српските навивачи го вратија од соблекувална за да му ја испејат Mitro's on fire, your defence is terify:

Најважниот гол во неговата кариера кој ќе го памти засекогаш:

Откако заврши работа на терен, во соблекувална јадеше пица:

15 ноември 2021 - 14:09