Кои се можни ривали на Македонија во бараж?

Македонија го обезбеди толку посакуваниот плејоф и сега ја чекаат последни скалила пред остварување на сонот - Светско првенство. А ФИФА и УЕФА толку ги закомпликуваа работите со новиот формат на доигурвање и дополнително ја отежнаа работата на многу селекции кандидати за Мундијал.

ШТО ЈА ЧЕКА МАКЕДОНИЈА?

Во моментов на 16 ноември 2021 се знаат 11 сигурни репрезентации на Мундијалот: Катар (домаќин на Светско 2022), Германија, Англија, Данска, Белгија, Франција, Хрватска, Србија, Шпанија, Швајцарија (како победници на своите квалификациски групи), Бразил (убедливо прв во јужно-американските квалификации).

Ждрепката за баражот е на 26 ноември (петок). Плејоф средбите се во март следната 2022 година, а ждрепката за групи на Светско ќе се влече на 1 април 2022 во Доха кога ќе бидат познати сите учесници.

Во европскиот бараж ќе учествуваат 12 репрезентации - 10 кои завршија втори во своите групи во традиционалните квалификации (меѓу нив и Македонија) и плус уште две кои имаат најдобар рејтинг во претходната Лига на Нации а не беа први ни втори во квалификацииве.

Историска фудбалска ноќ во Скопје, Македонија за прв пат ќе игра бараж за Светско

12 селекции ќе се поделат во три групи со по 4 селекции. Македонија ќе игра полуфинале и се надеваме големо финале на плејоф. Но...

Пред влечењето ждрепка, ќе има група носители и група неносители (Македонија е тука). Домаќини на полуфиналето ќе бидат носителите, а за домаќини на финалето ќе се влече дополнителна ждрепка.

Полуфинаните дуели ќе се игаат на 24 и 25 март а финалните на 28 и 29 март.

За сега ситуацијата е следна -  неколку селекции имаат загарантиран бараж. Сигурни за сега во доигрување се: Македонија, Русија, Португалија, Шкотска, Полска, Велс, ШведскаИталија, Швајцарија, Австрија (преку Лига на нации), Чешка, еден од Финска или Украина, еден од Холандија или Норвешка или Турција. 

Според некои проекции, носители најверојатно ќе бидат: Португалија, Русија, Италија, Швајцарија, Шведска, Полска и Велс, а неносители: Шкотска, Македонија,  Норвешка/Турција, Финска, Австрија и Чешка.

Последните патници ќе се чекираат во јуни 2022 после меѓуконтиненталните баражи за Азија, Океанија, Северна и Јужна Америка.

Светското во Катар ќе биде последно кое се игра во формат со 32 репрезентации. Од Мундијалот 2026 веќе ќе има Светско со 48 репрезентации (16 од Европа наместо досегашните 13), а ќе има 16 групи со по 3 репрезентации.

15 ноември 2021 - 08:34