Се огласи Роналдо

Секогаш и секаде гризе за победа, но вчера во својот Лисабон, на стадионот „Ла Луж“ пред околу 55.000 гледачи беше немоќен против расположената Србија која одигра историски меч. Роналдо после мечот заплака, а денес на Инстаграм објави порака.

„Фудбалот одново и одново ни покажа дека, на моменти, најкривулести патеки се оние кои водат до најпосакуваните исходи. Резултатот беше тежок, ама недоволен да нè сруши. Целта да бидеме на Светско првенство е уште жива и знаеме што треба за да стигнеме таму. Без изговори, Португалија оди во Катар“, напиша Кристијано кој во кариерата играше на дури 4 Светски првенства!

После мечот не му се веруваше што ја снајде неговата репрезентација:

Прочитајте уште и:

Делириумот на Србите на терен, во соблекувална па во автобус

 Пиксизам - нов правец во фудбалската одважност

15 ноември 2021 - 12:09