Кобра рече дека уживал во успесите на екс ју репрезентациите, кои синоќа распоредот ги намести да имаме маратонски фудбалски ден. Нашите соседи акцент дадоа на нивниот успех, а нашата фудбалска легенда им рече дека е некоја друга Србија, поинаква која се мачеше последните десетина години.
„Се почна во 15 часот со Хрватска која имаше тежок натпревар и која успеа да оствари пласман. Македонија продолжи во 18 часот со најголемиот успех кога се во прашање квалификации за Светско и пласманот во бараж и шлаг на тортата беше пласманот на Србија. За некои тоа беше големо изненадување, а за други кои ја пратат Србија во последно време и не е толку големо изненадување бидејќи играат одлично. Да се победи Португалија на нивен терен која во последните 10 години е една од најдобрите европски селекции е голем успех“.
„Роналдо не се виде, бидејќи одбраната на Србија одигра феноменално со исклучок на 2 минута кога направија мал кикс. Но според мене постоеше фаул. Не верувам дека судијата намерно го направи тоа бидејќи после таа грешка одлично го судеше мечот. Мислам дека Србија одигра фантастичен меч и дека заслужува да оди во Катар, бидејќи се мачеше последните 10 години со низа на проблеми. Ова е некоја нова Србија со фантастична атмосфера, се гледа дека играчите гинат еден за друг, а тоа се враќа. Митре и понатаму нека растура, секоја чест, не престанува да дава голови, браво.
„Србија конечно почна да изгледа онака како што треба. Секако дека за се ова придонесе тоа што дојде Пикси со своите тим, тоа одма се гледа. Тој беше еден од најдобрите играчи во Европа и секако дека тоа негово знаење и енергија им ги пренесува на играчите. Веднаш се гледа тоа“.