Како одигра Македонија на единствениот меч против Кристијано Роналдо?

Во архивата на македонската фудбалска репрезентација се забележани и два дуели против моќната Португалија, доскорешен европски шампион, гигант на светскиот фудбал. Со нив сме играле во 2003-та и во 2012-та. И се надеваме пред Светско нема да се гледаме.

Сениорската репрезентација на Македонија има 2 натпревари против Португалците. Едниот е на 2 април 2003-та, кога Луис Фиго, Деко, Нуњо Гомеш и екипата се спремаа за Европското првенство 2004 на кое беа домаќини и на кое се остреа да го освојат пехарот, ама Грција им ги помати работите.

Вториот меч против оваа фудбалска земја го игравме пред 9 години и тоа кај нив на гости.

Интересно, Кристијано Роналдо има 3 дуели против наши селекции (2 против сениори и 1 со младинска У-21 во Скопје).

На 2 април 2003 година, речиси година дена пред Евро 2004, Македонија и Португалија одиграа пријателска на стадионот „Олимпик де ла Понтас“ во Лозана, Швајцарија.

Македонија во тој период играше во квалификациите за Европско првенство. Бевме во силна група со Англија, Турција, Словачка и Лихтенштајн.

Тие квалификации ќе се паметат уште долго зошто ги отворивме со очајни 1-1 против Лихтенштајн на гости со примен гол во 90’ минута.

После одигравме одличен и борбен  меч со Турција кој го отвори Влатко Гроздановски со гол за 1-0 но изгубивме по пресвртот на Турците преку Окан Бурук и Нихат Кавечи.

Секако круна на овој циклус е ремито 2-2 против Англија во Саутемптон кога Артим Шаќири постигна епски гол од корнер против Дејвид Симан, погодок кој се вртеше низ цел свет. Сензационално реми на Македонија против селекцијата во која беа Бекам, Овен, Стивен Џерард, Лампард, Руни...

По чудото во Саутемптон, Македонија доби каков-таков авторитет во фудбалскиот свет и тоа беше доволна причина Португалија да нè повика на пријателска, во Лозана на 2 април 2003 година.

Стадионот беше преполн со португалски нвивачи и по некој наш човек од дијаспората.

За Португалија која тогаш беше во голем налет и сериозно намерачена да го освои златото и пехарот за европски шампион, против нашата селекција играа: голманот Рикардо, Пауло Фереира (Порто, Челси), Руи Хорхе, Фернандо Меира, Фернандо Коуто, Костиња, Фиго, Маниш, Паулета, Руи Коста и Сержо Консеисао.

Селекторот на Португалија, Бразилецот Луис Фелипе Сколари на клупата ги имаше уште и Андраде, Матиас, Силас, Луреиро, Деко, Нуњо Гомеш и Симао.

Нашиот тогашен селектор Никола Илиевски - Џиџи на терен ги изведе: Петар Милошевски, Брага, Лазаревски, Седлоски, Васоски, Шумуликоски, Јанчевски, Грозданоски, Наумоски, Шаќири, Пандев. Од клупа влегоа Ванчо Трајанов, Бобан Грнчаров, Ацо Стојков, Здравевски, Мирослав Вајс).

Натпреварот заврши 1:0 за Португалија со гол на тогаш најдобриот фудбалер во Европа, Луис Фиго во 24’ минута:

За ентузијастите целиот натпревар:

СО ПОРТУГАЛИЈА НА РОНАЛДО ОДИГРАВМЕ 0-0

Македонија во тој не баш сјаен период од нашата фудбалска историја, може да се пофали дека ги задржила ѕвездените Португалци на гости, кај нив, во Леириа без примен гол.

Тогаш на 26 мај 2012-та година повторно им бевме спаринг партнери на Португалците, пред Европското во Полска и Украина тоа лето. Овојпат противникот пак имаше ѕвезден состав.

На прекрасниот Estádio Dr. Magalhães Pessoa, изграден за потребите на Европското 2004-та, пред 25.000 гледачи, селекторот Џон Тошак се одлучи за: Мартин Богатинов, Ванче Шиков, Николче Новески, Бобан Грнчаров, Јани Урдинов, Стефан Спировски, Никола Глигоров, Стефан Ристовски, Самир Фазли, Иван Тричковски и Горан Пандев.

Од клупа за резерви во текот на пријателската влегоа Данел Мојсов, Ферхан Хасани, Агим Ибраими, Даниел Георгиевски и Мохамед Демири.

Португалците, како и секогаш, во силна постава:

Бето, Жоао Переира, Роландо, Бруно Алвеш, Фабио Коентрао, Мигел Велозо, Жоао Мутињо, Рубен Микаел, Рикардо Кварезма, Хелдер Постига, Кристијано Роналдо.

Подоцна влегоа Нелсон Оливеира, Уго Виана, Раул Меирелеш, Нани, Силвестре Варела.

На претстојната ждрепка за баражот (плејоф) за пласман на Светско првенство 2022, Македонија е во групата на неносители, а Португалија во групата носители и ни се еден од можните ривали. За избегнување секако, по секоја цена.