Легендарниот холандски стратег Луи ван Гал во решавачкиот натпревар на неговата селекција против Норвешка во квалификациите за Мундијал 2022, седеше горе во ложа во инвалидска количка и од таму им сугерираше на помошниците по телефон.
Пред последните 90 минути фудбал од квалификациите, Холандија имаше 20 бода, гол разлика +23 и меч со Норвешка дома.
Турција имаше 18 бода, гол разлика +10 и меч со Црна Гора на гости, а Норвешка исто 18 бода, +9 гол разлика и меч со Холандија во гости.
Накратко, овој дуел беше решавачки за Холандија, а неколку дена пред натпреварот, во неделата селекторот Ван Гал паднал од точак близу хотелот и базата на репрезентацијата и доживеал тешка повреда - ја скршил бедрената коска, колкот.
Во 2012-та година Ван Гал имал зафат при што му било интервенирано со вештачки колк, така што 70-годишниот легендарен тренер имал еден куп маки пред одлучувачкиот дуел. Во болница му кажале дека повредата не е многу сериозна, но го посоветувале да одмора и да се опоравува со конзервативни методи, без операција.
Луј Ван Гал посетил еден од последните тренинзи на Холандија пред Норешка со голф-количка. Го возел помошникот тренер Хенк Фрајзер а Дани Блинд кој го заменуваше Ван Гал за овој меч го водел тренингот.
Daar komt de bondscoach in een golfkar het veld opgereden. pic.twitter.com/uJdSAxGHTc
— Jeroen Kapteijns (@JeroenKapteijns) November 15, 2021
Ван Гал не можел да дојде ни на прес-конференција пред мечот, бил во инвалидска количка и затоа не можел да влезе во конференциската сала. Затоа одговарал на прашањата преку конференциски онлајн повик.
„Среќни сме што ќе може да не води и тоа не влијаеше многу на подготовките. Утрово беше со нас на важен состанок и не раководеше. Ван Гал уште се труди да не однесе на Светско првенство“, изјавил капитенот Вирџил Ван Дајк.
А селекторот додал преку видео-повик и се насмеал:
„Физички не сум баш најдобар. Но мозокот ми работи уште“.
„Имате ли болки“?, го прашал еден новинар, а холандскиот тренер одговорил: „Да, затоа и седам во инвалидска количка. Сфаќам дека ќе изгледа малку неприродно, но работата на селекторот е поврзана со мозокот. На тренинг правев се како и обично“.
Холандија ја совлада Норвешка 2:0 со два гола во вториот дел и заслужено се пласираше директно на Светско првенство. Ван Гал преку помошникот Фрејзер до заменикот селектор Дани Блинд со телефонска линија му праќаше совети за играта.
Ван Гал во 2007-ма година кога бил тренер на АЗ Алкмар на еден меч дошол исто во инвалидска количка. Тогаш како 56-годишен доживеал двоен прелом. „Бев ненормален кога помислив дека уште имам 18 години“, изјавил во опис на тоа што му се случило. Го оперирале и цел ден бил под анестезија и по правилата требал да остане три дена во болница, но тој следниот ден имал меч со АЗ Алкмар и не сакал да го пропушти.
„За сигурност испив значајна доза лекови против болки на пат конс тадионот. Сакав да бидам таму ама не сакав играчите да видат како страдам“, рекол Ван Гал кој неколку дена бил во количка но ги следел сите тренинзи и натпревари.
„Во фудбалот важни се нозете само ако си фудбалер. Ќе тренираш само за главата. За тренерска кариера не сум пропуштил ниеден меч. Доаѓам дури и кога сум болен“, рекол Ван Гал.
Тој ја водеше Холандија на последното Светско првенство во 2014 во Бразил. Оттогаш Холанѓаните после 8 години ќе се вратат на Мундијал. Го пропуштија Светско 2018 во Русија.
🎶 'We zijn er weer bij en dat is primaaaaaaa' 🤪🇳🇱#WorldCup pic.twitter.com/qafbN0h2p3
— OnsOranje (@OnsOranje) November 16, 2021