Се калеше во Бреша, поигра малку во Интер, а во Милан и во Јувентус ги броеше трофеите, вкупно 17. Ретко се раѓа играч со таква визија и капацитет, кадарен за многу фини нешта со топката. Италијаните го викаат „Il Mozzart del pallone“ (Моцарт со топката). Овие две минути се доволни за да се потсетиме каква играчина беше Пирло.