Кои следни датуми треба да си ги додадете во календарот за Македонија?

Едно од најпоставуваните прашања после финалето со Португалија е: Сега што е следно и кога ќе се оди на Градски да се бодрат момците на Боби? Одговорот е: Стрпете се два месеци.

Додека ФИФА утре во 17:00 часот ќе ги влече паровите за првиот зимски Мундијал во Катар, ние ќе ве потсетиме на следните предизвици на македонската фудбалска репрезентација, кои претпоставуваме дека со душа ги чекате.

Не чека третото издание на Лига на нации, кое претставува шанса за нашите фудбалерите за ЕП 2024, што би било ново и второ учество по ред.

Да потсетиме, овој пат не сме во Лига Д која ја освоивме, туку во Ц во група 3 која ако некој подзаборавил, ни донесе соседско дерби против Бугарија, двомеч со Грузија на која Пандев и покажа кој е кој во Тбилиси и третиот противник е повторно аутсајдерот Гибралтар.

Поради Светското првенство во ноември, УЕФА беше принудена да го згусти распоредот во Лига на нации, кој овој пат место во три, ќе се одигра во само два месеци.

Темпото ќе биде пеколно, бидејќи за само 11 дена, избраниците на Боби Милевски ќе мора да се подготват добро за дури четири натпревари.

Македонија ќе отвори и ќе затвори против Бугарија, прво на гости, а потоа на домашен терен. Стартуваме во Разград кој бара 580 км возење.

Распоред оди вака:

2. јуни 2022. Бугарија - Македонија (20:45)

5. јуни 2022. Гибралтар - Македонија (18:00)

9. јуни 2022. Македонија - Грузија (20:45)

12. јуни 2022. Македонија - Гибралтар (18:00)

23. септември 2022. Грузија - Македонија (18:00)

26. септември 2022. Македонија - Бугарија (20:45)

31 март 2022 - 15:19