Пандев му врати на Панчев

Непотребна размена на зборови преку медиумите на двете македонски легенди и поранешни играчи на Интер. Прв почна Дарко Панчев.

Пред натпреварот со Португалија, поранешната Златна копачка во интервју за германскиот весник „Франкфуртер Алемајне Цајтунг“ даде провокаторски коментар за човекот кој ја однесе Македонија на ЕП и кој е рекордер со најмногу настапи и голови за националниот тим. Го пецна за поразот од Андора од пред 18 години.

„Придонесите на Горан Пандев за македонскиот фудбал се неспорни. Не треба да се заборави дека со неговиот гол во плејофот против Грузија отидовме на Европско првенство. Сепак, исто така загубивме од Андора со него во стартниот состав. Откако си замина тој, играчи како Елмас, Барди и Адеми можат уште повеќе да се развиваат, што е многу корисно за тимот“.

Пандев не општеше многу и за Фокус само кратко искоментира:

„Нема што да кажам. Се гледа дека на човекот му е многу мака што Македонија играше на Европското првенство и бараж за СП“.

Во продолжение уште еднаш ги испофали фудбалерите.

„Дечките изгинаа 180 минути и секоја чест за нив. Заслужија да одат на СП, но тоа ќе биде во следните години. Јас пред три години кажав дека оваа репрезентација е најдобрата во историјата на македонскиот фудбал“.

Панчев: Одредени работи што сум ги направил, сè уште друг никој не ги направил

 

31 март 2022 - 08:49