Сеќавање на сите култни топки од сите Светски првенства

Светското првенство во Катар е сè поблизу. Во среда гигантот adidas го промовираше официјалниот фудбал со кој ќе се играат натпреварите на Мундијалот. Се вика Al Rihla, во превод од арапски - патешествие.

КАКВИ БЕА ТОПКИТЕ ОД ПРВОТО СВЕТСКО ДО ДЕНЕС?

1930, T-Model, Светско првенство Уругвај

Во финалето на првиот Мундијал се користеле две топки зошто Уругвај и Аргентина не можеле да се договарат за една. Првото полувреме се играло со посимпатичниот фудбал на Аргентинците (Tiento, лево на сликата) и „гаучосите“ воделе 2-1. Во вториот дел се играло со омилената топка на Уругвај, T-Model. Тој бил потежок и поголем а до крај домаќинот дал три гола и славел победа 4:2.

1934, Federale 102, Светско првенство Италија

Топката Federale 102 била шиена во Рим. Не ја шиеле од кожа како претходната, туку била направена меѓу другото и со памук па ударот со глава бил безболен.

1938, Allen, Франција

Прв брендиран фудбал на Светски првенства. Се состоел од 13 разни материјали а шиена била во фабрика во Париз. На Мундијалот кој го освоила Италија се играло и со други топки.

1950, Duplo T, Бразил

Првиот пост-воен Мундијал се играл со една топка. Прв кој се пумпал со иглица за пумпање како и ден денес. Ова му додало на фудбалот поголема изджрливост и удобност.

1954, Swiss World Champion, Швајцарија

Прва модерна топка со 18 панели. Со оваа топка Германија ја освоила првата светска шампионска титула откако во финале ја совладала непобедливата дотогаш Унгарија.

1958, Top Star, Шведска

Производителот од шведскиот град Енгелхолм бил победник на првиот конкурс во историјата за фудбалска топка за Светско првенство. ФИФА побарала од 102 претенденти да дизајнираат своја топка без бренд. Секој добил код, организаторите тестирале топки и одбрале 10 најдобри. На крајот победила онаа со коден број 55.

1962, Crack, Чиле

Пред натпреварот Чиле - Швајцарија со кој се отворило Светското првенство во оваа јужно-американска земја, на англискиот судија Кен Астон не му се допаднала топката произведена во локалната фабрика Custodio Zamora, па барал да му донесат некој европски фудбал со кој се одиграло второто полувреме.

Репрезентациите од Европа се сомневале во квалитетот на фудбалот Crack и играле натпревари со шведскиот Top Star од претходното Светско, кој бил уште многу попупларен.

1966, Challenge 4-Star, Англија

На ова Светско првенство било исто како и во 1958. Фудбалската асоцијација на Англија ги одбила сите 111 понудени топки и се решила за топка произведена од Slazenger, познат бренд во светот на тенисот кој прави топчиња за Вимблдон.

Легендарното трио на Вест Хем од Светското првенство 1966: авторот на златниот хет-трик Џефри Херст, капитенот на Англија Боби Мур и стрелецот во финале Мартин Питерс.

1970, Telstar, Мексико

Топка која е позната ден-денес меѓу повозрасните генерации. Наречена е Telstar во чест на првиот патник во орбитата во 1962 година благодарение на кого се појавиле и првите меѓународни телевизиски преноси.

Од тој момент почнува долгогодишната соработка меѓу ФИФА и adidas на Светски првенства. 32 црно-бели панели го правеле фудбалот подобро видлив на различни тв екрани

1974, Telstar Durlast, Западна Германија

Западна Германија. Ова била лесна модификација на топката Telstar. Била наречена Durlast, по материјалот кој бил многу подобро водоотпорен и не ја омекнувал топката.

Класичен дизајн на фудбалска топка на крајот од ХХ век

1978, Tango, Аргентина

И конечно, стигнуваме до неговото височество - Танго, омилена топка на многу генерации. За овој Мундијал во Аргентина 1978, ФИФА и adidas решиле да ја наречат топката во чест на најголемиот и најпознат аргентински танц.

Во германската фабрика играле на сигурно и произвеле многу топки Telstar 1978, но изгледот на Танго фудбалот ги освоил сите.

Ова била прва од „семејството топки“ кои се користеа и на Европско првенство и на Олимписки Игри дури до 1998.

1982, Tango España, Шпанија

Познатата фудбалска топка со некои доработки: гумирани шавови, подобра водоотпорност (премазот Durlast веќе не бил потребен)

Ова бил воедно и последен кожен фудбал на Светски првенства

1986, Azteca, Мексико

По кожните фудбали, дошол ред на синтетичките. Првпат модерен фудбал од синтетика бил употребен за Мундијалот во Мексико 1986. Бил наречен Ацтека.

Оваа топка ја прослави легендарниот и најголем Диего Марадона кои правеше чудесни трикови со неа

1990, Etrusco Unico, Италија

Светско првенство омилено и незаборавно за многумина. Штафетата со историски имиња која почна во Мексико ја продолжи и Италија. Етруско се викаше топката во чест на древната цивилизација населена на Апенините илјада години п.н.е. како предвесник на римската култура.

1994, Questra, САД

Светското првенство во Америка неофицијално меѓу навивачите важи за најлегендарно (пеналот на Баџо во епското финале Бразил - Италија).

Наречен е Questra што било скратеница за „the quest for the stars“ (барање на ѕвездите). Дизајнот бил потемен а самиот фудбал бил многу квалитетен.

Бил полесен од претходниците, летал побрзо и понепредвидливо. Поради тоа просекот на голови во САД 1994 бил најголем уште од 1982. Занимливо е дека финалето заврши без голови и се изведуваа пенали иако играа Италија и Бразил кои беа многу ефикасни.

1998, Tricolore, Франција

Првиот шарен фудбал на Светските првенства. Во основа имаше бои од францускиот триколор.

2002, Fevernova, Јапонија и Јужна Кореја

Во 2002 ФИФА се откажала од проверениот дизајн Tango. Се појави нов фудбал за кој Џиџи Буфон рече: „Смешна детска топка која скока“.

2006, Teamgeist, Германија

Teamgeist во превод значи „тимски дух“. За секој натпревар adidas изготвил посебна топка со имиња на репрезентациите и датумот на одигрување на мечот.

Во финалето Франција и Италија играа со специјално дизајнирана топка со златеста боја

2010, Jabulani, Јужна Африка

Најпотценет и најозборуван фудбал во историјата. Аеродинамиката на овој фудбал ги побудале голманите кои секој ден изјавуваа како не можат да се справат со летот на оваа топка во воздухот зошто беше апсолутно непредвидлива. Жулио Сезар изјавил дека му била како топка купена во дуќан.

Jabulani на зулу јазик значи „празник“

2014, Brazuca, Бразил

После бруката со Џабулани, ФИФА и adidas решиле две ипол години да го тестираат новиот фудбал. Добија супер фудбал Бразука за Мундијалот во земјата на кафе и самба

2018, Telstar 18, Русија

За првпат од Светското првенство 1994 adidas реши да се врати на класичните две бои (не сметајќи го тука златното лого). Визуелна разлика од претходниците Telstar од 1970 била пикселизацијата на елементите

За натпреварите во нокаут фаза од осминафиналето се појави новиот Telstar Mechta 

Новата фудбалска топка за следното Светско првенство 2022 во Катар е претставена од adidas како: „Инспириран од културата, архитектурата и боите на државното знаме на Катар. Силните светли бои ја симболизираат земјата-домаќин.

31 март 2022 - 12:07