
Во разговор со италијанската новинарка Донатела Скарнати, Џани Инфантино кажал колку му паднало тешко кога Италија испаднала од Македонија на патот за Светско првенство.
Инаку првиот човек на ФИФА е роден на 23 март 1970 во швајцарскиот град Бриг во семејство на италијански имигранти од Калабрија и Ломбардија.
„Да се збори за Италија е малку жално, не“?, го прашала новинарката, а Џани Инфантино одговорил:
„Не да ми е жал, туку ми се плаче! За сите Италијанци е тажно Светско без Италија и тоа второ по ред без Италија. Ако се квалификува на следното Светско првенство тоа ќе биде после цели 12 години како не се квалификувала за Мундијал.
Кога ќе помислам, кога бев мал, емоциите кои ги доживувавме на Светските првенства ’78-ма, ’82-ра... За едно дете, за еден дечко, тоа се единствени емоции поради кои се вљубуваш во фудбалот, па фактот дека италијанските деца нема да ги доживеат тие емоции сега е навистина тажен. Но 32 селекции се квалификуваат, Светското е на секои четири години за сега, така што тоа е тоа.
Какво ќе биде Светското првенство тука во Катар?
„Ќе биде спектакуларен Мундијал, прекрасен. Стадионите се чудесни, во круг од педесетина километри, така што нема да има далечни патувања за репрезентациите. Временските услови ќе бидат идеални. И да не заборавиме дека Светско првенство ќе се игра во ноември-декември, т.е. на сред сезона во Европа, што значи дека играчите ќе дојдат во силна форма, не од пауза.
Во престолнината на Катар, во Доха се одржа 72. конгрес на ФИФА. Имаше шпекулации дека таму руската фудбалска федерација ќе биде исклучена или отстранета од сите натпревари под ФИФА, но тоа не ниту се споменало на состанокот.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино на почетокот на обраќањето изразил големо жалење за ужасниот конфликт во Украина и во други делови од светот и дека не треба да се заборава на тоа.
„Луѓе страдаат и умираат. Ние живееме во агресивен свет. Но јас силно верувам во силата на фудбалот, способен да обединува луѓе, да надминува културни граници. Нелсон Мандела велеше дека спортот е надреден цврсто да го смени светот. Но ние не сме наивни да мислиме дека фудбалот може да ги реши сите проблеми. Се надевам дека овој ужасен конфликт ќе заврши како и сите останати конфликти во светот и тогаш фудбалот ќе игра голема улога во исправање на односите, во воспоставување мир и разбирање“