Денеска е ждрепката за големото Светско првенство, објавени саатниците на натпреварите

Вечерва од 18 часот почнува големата церемонија на извлекување групи за Мундијал 2022 кој за првпат во историјата ќе се игра на зима, од ноември до декември, поради високите температури во земјата домаќин Катар.

Ждрепката почнува од 18 часот а ќе се влечат селекции сместени во четири шешири или барабани како сакате. Вкупно ќе има 32 селекции од кои 3 ќе дознаеме во баражите во јуни кога ќе се играат одложените во Европа Велс - Украина/Шкотска и два меѓу-континентални баражи (Костарика - Нов Зеланд и Перу против победникот од мечот ОАЕ - Австралија закажан за 7 јуни во Доха).

Репрезентациите се поделени според пласманот на најновата мартовска ранг-листа на ФИФА на која Македонија солидно напредуваше.

Ждрепката треба да ја водат познати лица како Лотар Матеус (Германија), Џермејн Џенас (Англија), Али Даеи (Иран), Бора Милутиновиќ (Србија), Џеј Џеј Окоча, Раба Маџер (Алжир), Тим Кејхил (Австралија) и Американките Карли Лојд и Саманта Џонсон.

На Светското првенство ќе играат великаните и поранешни светски прваци Бразил, Германија, Аргентина, Англија, Шпанија, Франција и Уругвај.

Ждрепката ќе биде полудиригирана и во ниту една група ќе нема по две репрезентации кои доаѓаат од иста конфедерација, освен УЕФА која е најбројна со 13 селекции па во пет од вкупно 8 групи ќе има по две европски репрезентации.

Репрезентациите од секој барабан ќе бидат носители во секоја од осумте групи со тоа што домаќинот Катар по традиција за секој домаќин на Мундијалите ја добива позицијата А1 во прва група, а сите останати седум носители ќе ги пополнат првите места во преостанатите седум групи.

Интересно, натпреварите од првите две кола во Катар ќе се играат во термини од 11:00, 14:00, 17:00 и 20:00 часот по Средноевропско време. Средбите во последното трето коло и во нокаут елиминациската рунда ќе се играат од 16 и 20 часот а големото финале е закажано за 16 часот напладне по Средноевропско време.

На претседателот на ФИФА му се плаче за Италија, ама тоа е фудбалот

1 април 2022 - 14:30